Фотографијата којашто најмногу ве привлекува ќе ви открие порака од вашиот ангел

Одвојте една минута и погледнете ги овие три слики. Изберете ја онаа којашто најмногу ве привлекува и откријте ја вашата ангелска порака.

Фотографијата којашто најмногу ве привлекува ќе ви открие порака од вашиот ангел

А

Ова е добар период. Можеби веќе чувствувате олеснување во животот или пак наскоро ќе го почувствувате. Енергетските услови се погодни за успех на секој проект во кој сте вклучени. Тоа е затоа што имате направено добар избор и вашиот сон сега ќе се оствари. Време е да ги почувствувате позитивните ефекти од проектите, потфатите и идеите кои сте ги засадиле во минатото.

Не ви било лесно да дојдете до местото на коешто сте сега. На моменти сте се сомневале во вашиот успех, но сепак дојде време да добиете награда за вашиот труд и напорна работа. Сега можете да ги градите своите успеси и да поставувате цели за нови проекти.

Кога ќе започнете со нешто ново, бидете трпеливи. Обмислете ја одлуката и добро размислете за целите и чекорите што треба да ги преземете за да видите повторно успех.

Б

Време е да седнете и добро да се погледнете себеси. Во другите луѓе лежат прекрасни особини на кои се воодушевувате. Иако е ова убаво, немојте да заборавите дека она што го препознавате кај другите е присутно и во вас.

Начинот на кој ги гледате другите е само ваш одраз – ви го покажува она што сте вие. Затоа, немојте да се чувствувате лошо. Кога ќе препознаете нешто добро кај некој друг, потсетете се дека тоа се случило бидејќи имате некоја многу слична особина во себе.

Често мислите дека другите се подобри од вас. Време е да ја препознаете сопствената убавина, талентите и креативноста. Кога ќе почнете да си ја подобрувате сопствената перцепција, ќе станете голема сила за позитивни промени во овој свет. И кога ќе си дозволите себеси да сјаете како вашето вистинско јас, ќе ви се отвори вратата кон изобилство, успех и бескрајни благодати.

В

Ако периодов добро сте се опуштиле, сте уживале малку повеќе во храната, односите и материјалните добра и потајно сте биле малку загрижени за тоа… престанете. Сѐ додека не претерувате, малку задоволства не се на одмет. Животот не е само работа, сериозност и одговорност.
Во животот треба да се ужива. Да, вишокот од сѐ доведува до нерамнотежа во животот и енергијата. Без разлика дали е тој вишок во уживање или во прекумерна работа. За сѐ е потребен урамнотежен пристап.

Побарајте рамнотежа во вашиот живот и работете на балансирање на вашите енергии. Истовремено, немојте да се прекорувате. Тоа нема да ви помогне. Не морате да се откажете од уживањето во животот. Тоа е дозволено!

Направете го и овој психолошки тест: Колку навистина се познавате себеси?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар