Фотографии кои ја покажуваат магичната страна на шумите во Баварија

Големи се шансите дека доколку некогаш на Интернет сте налетале на магични шуми, тие да биле снимени во Баварија. Баварската шума, која е дел од Баварскиот Национален Парк е предел во Германија каде што реалноста се спојува со соништата и фантазијата. Овој предел е толку неверојатен што изгледа како да е директно изваден од страниците на некоја бајка.

Фотографии кои ја покажуваат магичната страна на шумите во Баварија

Овој парк се води според идејата „Оставете ја природата да биде природа“, а тоа значи дека им се дозволува на овие шуми да растат без никакви интервенции од страна на луѓето. Токму затоа паркот има уникатни пејзажи кои се вистинско отсликување на дивиот живот. Дури 95% од земјата е прекриена со шуми кои изобилуваат со кристално чисти планински извори кои дополнително го разубавуваат овој предел. Паркот е дом и на огромен број животни како кафени мечки, волци, диви мачки, бувови, па дури и морски видри. Погледнете колку магично изгледаат шумите во Баварија…

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар