Финците нудат бесплатен одмор во Финска за да нè научат да бидеме среќни

Финска, која според голем број истражувања е најсреќната држава во светот, се обидува да ја сподели нејзината среќа со сите нудејќи бесплатно летување.

Финците нудат бесплатен одмор во Финска за да нè научат да бидеме среќни

Неодамна Финската туристичка заедница ја претставила програмата „Rent a Finn“ (изнајми Финец), преку која нудат одмор во Финска, и тоа во делот од земјата којшто ви изгледа најсреќен. Сите кои ќе се одлучат да ја пробаат финската среќа, ќе поминат време со нивниот „водич за среќа“, а Финците се надеваат дека нивниот опуштен начин на живот ќе им помогне на туристите барем малку да се ослободат од стресот.

„’Rent a Finn’ е кампања во која 8 обични Финци канат странци во Финска за со нив да го поделат своето искуство, бидејќи Финците сакаат да ја направат Земјата повторно среќна! Ќе ‘издаваме’ 8 обични Финци како водичи за среќа, а тие ќе им помогнат на туристите од странство одново да се поврзат со природата ова лето.“

Финците нудат бесплатен одмор во Финска за да нè научат да бидеме среќни

Еден од водичите е Еско кој е градоначалник на Рованиеми, рурален град во Лапонија. Еско изјавил дека со заинтересираните посетители сака да ги сподели убавините на финското лето, така што тие ќе имаат можност да ја посетат неговата викендичка, да берат бобинки, да се возат со брод и да играат игри.

Финците нудат бесплатен одмор во Финска за да нè научат да бидеме среќни

Други водичи се парот Линда и Нико, кои живеат во најјужниот остров од архипелагот на Финска. Тие на туристите ќе им го покажат едноставниот островски живот, а ќе ги однесат и на едрење и кампување со нивното куче.

Финците нудат бесплатен одмор во Финска за да нè научат да бидеме среќни

Помеѓу водичите е и студентката и инструкторка по јога Катја, која живее во близина на Хелсинки. Таа сака да им помогне на туристите да ја искусат природата и во градско опкружување.

Сите кои сакаат да ги искористат водичите за среќа, треба да снимаат видео од 3 минути, во кое ќе се опишат себеси, својата врска со природата и зошто сакаат да ја посетат Финска. Исто така треба да се пополни и апликација на нивниот веб-сајт, а на избраните ќе им бидат покриени сите трошоци за патувањето. Доколку и вие сакате да изнајмите Финец, пополнете ја онлајн пријавата тука.

Доколку имате среќа и сте добитник на патувањето, тогаш сигурно ќе сакате да ги знаете интересните факти за животот во Финска.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар