Факти за смртта кои никогаш не сте ги слушнале!

Смртта е истовремено и депресивна и фасцинантна. Секако, таа можеби изгледа страшно, но со текот на времето научивме многу за неа. Науката никогаш не престанува да нè фасцинира со своите откритија. Па, ако сакате да дознаете нешто повеќе за смртта и сите нејзини опкружувања, следниве факти можат без сомнение ќе го задржат вашиот интерес.

1fakti-za-smrtta-koi-nikogash-ne-ste-gi-sl

Состојбата позната како „ливор мортис“ (посмртно синило) се појавува 20 минути по смртта

Многу луѓе знаат што значи оваа состојба, но не се свесни што претставува. Ливор мортис ја претставува промена на бојата на кожата поради насобирањето на крвта на едно место. Ова не се случува брзо кај сите, но е можно. А причината е затоа што кога некој ќе почине, срцето не е во можност да циркулира крв во телото.

Блиската средба со смртта предизвикува интензивни и шокантни соништа

Додека блиската средба со смртта може да биде интензивна и шокантна, таа во повеќето случаи води до луцидни соништа кога умот е во состојба на криза. Со помошта на еден експеримент спроведен со специфично истражување, направен од страна на организација во Калифорнија, било откриено дека луѓето можат да се условат да ги доживуваат овие искуства без да се соочат со блиска смрт. Вонтелесните искуства не се толку духовни како што претпоставуваме.

Косата и ноктите всушност не растат по смртта, иако многуина веруваат во ова

Да, кога умираме, косата и ноктите изгледаат како се` уште да растат, но всушност не е така. Тие изгледаат подолги, не затоа што растат, туку затоа што кожата околу нив се повлекува. Мртвото тело дехидрира, па кожата и останатите ткива се намалуваат, предизвикувајќи ја оваа појава.

Главната причина за смртта кај младите се сообраќајните несреќи

Сообраќајните несреќи се случуваат цело време, но не сите предизвикуваат фатални последици. Сепак, кога станува збор за младите, тие се застрашувачка водечка причина за смрт, во споредба со насилството.

Некои животни едноставно не умираат од старост

Постојат неколку вида животни, кои се сметаат дека се способни да живеат „засекогаш“, доколку не се убиени или повредени од надворешни влијанија. Ова уште се нарекува и биолошка бесмртност и важи за животни како океанската школка, некои видови медузи, американскиот јастог…

Мозокот (најчесто) умира пред телото

Иако не е точно во сите случаи, обично мозокот престанува да работи пред останатите органи. Постојат клетки кои остануваат активни дури и по престанувањето на сè друго. Иако е збунувачки сето ова, треба да бидеме свесни за тоа.

Нашата „енергија“ не може да биде уништена

Првиот закон за термодинамика е дека енергијата не може да биде создадена или уништена во изолиран систем. Ова укажува дека дури и кога сме „заминати“, нашата енергија сè уште е присутна.

Постои состојба познат како „синдром на подвижен труп“

Котардовиот синдром во повеќето случаи се однесува на синдромот на подвижен труп. Ова е ментално растројство кое влијае на човекот на начин што тој мисли дека се наоѓа во „зомби“ состојба. Луѓето заболени од ова растројство веруваат дека се мртви или дека ги загубиле нивните органи или крв.

Свеста не завршува веднаш по смртта

Според некои научници, ние остануваме свесни некое време по смртта. Ова е поради хипералармантната состојба во моментот пред настапувањето на смртта. Ова е докажано со искуствата на луѓето кои биле вратени во живот откако доживеале клиничка смрт.

Нашите цревни бактерии продолжуваат да живеат и по смртта

Сите имаме цревни бактерии кои се хранат од дебелото црево, но кога умираме, овие бактерии не умираат со нас. Бидејќи не се дел од телото, тие продолжуваат да се хранат и да си живеат. Во повеќето случаи, тие умираат со јадењето на последното ткиво.

Некои од гените се активираат по смртта

Некои гени можат да останат активни долго по смртта. Кај некои видови било откриено дека 4 дена по смртта, гените сè уште се развивале. Додека ова може да ви предизвика морници, сепак е прилично фасцинантно.

Некои тела произведуваат восок кој го спречува нивното распаѓање

Не сите тела го прават ова, но некои се зачувуваат благодарение на восочната супстанца позната како адипоцера, која на некој начин го мумифицира телото. Станува збор за бела супстанца што го заштитува телото многу добро. Се случува кога кислородот во погребаното тело се соединува со бактериите од самата почва.

Прочитајте и што се случува со телото и мозокот по смртта.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар