Факти за најсреќните земји во светот што сигурно не сте ги знаеле досега

Тешко е да се зборува за среќата додека светот се наоѓа во една неизвесна ситуација. Сепак, годишниот извештај на Обединетите нации во кој има информации колку среќно се чувствуваат припадниците на светските нации, беше објавен и оваа година, со осврт на тоа колку природното, социјалното и урбаното опкружување влијаат врз субјективното чувство на среќа. Погледнете кои се најсреќните држави во светот и откријте неколку интересни факти за секоја од нив.

Факти за најсреќните земји во светот што сигурно не сте ги знаеле досега

1. Финска – земја со најмногу дрвја во Европа

Најсреќната земја во светот има повеќе области под шуми од која било друга европска земја и е 11-та во светот по бројот на дрвја на квадратен километар. Повеќе од 73% од дрвјата се даб, ела и бреза. Патем, најзелената земја во светот е Суринам, со дури 95% од територијата под шуми.

2. Данска – мистичен архипелаг со 37 збора за магла

Фарските Острови се архипелаг од 18 поголеми острови помеѓу Северниот Атлантик и Норвешкото Море. Тие се составна територија на Данска, со висок степен на автономија. Жителите на овие острови имаат 37 зборови во својот речник кои опишуваат магла, од зборовите „mjorkabelti“ (долга тенка обвивка од магла) и „toppamjorki“ (магла на планинските врвови) до „kavamjorki“ (снежна магла). „Pollamjorki“ e ниска густа магла над морето која влегува во заливот, додека небото горе е јасно.

3. Швајцарија – земја на исклучителни луѓе

Среќата изгледа влијае на развивањето добри идеи и на продуктивноста на населението. Швајцарија, која е на третото место на оваа листа, има дури 28 добитници на Нобелова награда. Иако ова е шокантен број, светскиот рекорд го држи Света Луција. Дури и Алберт Ајнштајн, иако е роден во Германија, студирал во Цирих и ја развил теоријата на релативност во Берн.

4. Исланд – живот без комарци

Исланд е едно од само двете места на светот каде што нема комарци. Можеби тоа е една од причините зошто Исланѓаните се толку среќни. Другото место каде што не постојат комарци е Антарктикот.

5. Норвешка – пингвинот е витез и полковник во кралската гарда

Кога во 1913 година се отворила зоолошката градина во Единбург, Норвешка на градот му го подарила првиот кралски пингвин. За време на посетата на Шкотска во 1961 година, членовите на гардата на норвешкиот крал се заинтересирале за тоа „норвешко наследство“ и еден од пингвините го именувале Нилс Олав. Тој бил прогласен за почесен поручник и станал маскота на кралската гарда.

За време на секоја следна посета на норвешката кралска гарда во Шкотска, пингвинот бил унапредуван, сè до неговата смрт, а потоа бил избран неговиот наследник, кој стигнал до рангот на полковник. Потоа, во 2008 година, кралот Харалд V од Норвешка го прогласил пингвинот за витез. Денес, по многубројните унапредувања, маскотата на норвешката гарда е бригадирот Нилс Олав III, кому му беа подигнати почесни статуи во Единбург и во Осло.

6. Холандија – највисоките луѓе во светот

Холандскиот стручњак Бен Коутс објаснил зошто Холанѓаните се толку високи: „Бидејќи населението во Холанија се зголемувало во 17-тиот и во 18-тиот век, а климата се покажала како одлична за одгледување крави. Во овој период започнала зголемената потрошувачка на млеко и сирење, а колку повеќе консумирале млеко и млечни производи, толку луѓето биле повисоки“.

Податоците велат дека просечниот Холанѓанец бил висок околу 164 цм на почетокот на 19-тиот век, што не се разликувало од европскиот просек во тој период. Денес, во просек мажите се високи 182,5 цм, а жените 168,72 цм.

Прочитајте зошто Британците возат на левата страна и уште 10 нормални работи во некои земји што ги збунуваат странците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар