Еве што ќе се случи ако на овие места чувате огледала во домот

Еве што ќе се случи ако на овие места чувате огледала во домот

Првото нешто што може да се каже за огледалата, а е очигледно, е дека тие рефлектираат. Тоа значи дека го прикажуваат одразот на сè она што се наоѓа во нивната непосредна близина. Затоа тие се важен елемент кој се користи при фенг шуи.

Еве што ќе се случи ако на овие места чувате огледала во домот

Кога избирате огледало треба да земете предвид неколку фактори. Прво, треба да го утврдите местото на кое ќе го поставите, и второ, функцијата која треба да ја има.

Огледалата во фенг шуи се користат за да се зголеми просторот или енергијата, да се надомести недостатокот на агол во некоја просторија, да се сврти текот на позитивната енергија во саканиот правец или да се одбие негативната.

Забрането поставување

Огледалата го зголемуваат тоа што го прикажуваат, така што ако создаваат одраз на нешто што е неповолно за добар фенг шуи, тогаш тоа уште повеќе ќе го потенцира. Всушност постојат повеќе забрани кога станува збор за огледалата.

Никогаш не смеат да бидат сместени така што ќе создаваат директен одраз на влезната врата, бидејќи така ја испраќаат надвор сета позитивна енергија која сака да влезе во вашиот дом.

Не смеете да ги поставувате така што ќе создаваат одраз на вецето, бањата или кујната.

Не смеат да прикажуваат канти за ѓубре, неред или нечистотија во која било смисла.

Во спалната соба, тие создаваат кавги и недоразбирање меѓу сопружниците и поттикнуваат на вонбрачни излети. Без разлика дали се на таванот, на ѕидот или на плакарот покрај креветот, тие создаваат одраз на луѓето кои таму спијат. Симболички тоа изгледа како луѓето да се мртви, па така настанува штетна енергија која произведува болести, а ако веќе постои болест и ако се поклопи со уште некој негативен фенг шуи фактор, може опасно да го загрози животот. Ако не можете да ги отстраните, покривајте ги со непроѕирна ткаенина пред спиење.

Кога станува збор за изборот на положбата мора да знаете дека огледалото е воден елемент и според тоа никогаш не смее да се најде на јужната страна во домот.

Сето ова звучи малку страшно, но ако се придржувате до фенг шуи правилата, огледалата всушност може да ви донесат среќа и напредок.

Еве што ќе се случи ако на овие места чувате огледала во домот

Поволно поставување

Огледалото поставено во трпезаријата (не во кујната), така што создава одраз од храната која е поставена на трпезариската маса и семејството кое овде се обединува за оброците, ќе ви донесе благосостојба и хармонични семејни односи.

Можеби сте забележале во многу продавници дека огледалата се поставуваат така што создаваат одраз од местото за наплата. Огледалото симболички ја удвојува количината на пари кои влегуваат во касата и со тоа носи позитивна енергија која привлекува поголемо богатство.

Доколку поставите големо огледало во мала просторија, тоа ќе ја направи да изгледа поголема одошто е.

Огледалото може да надомести за недостатокот на агол во просторија со неправилен облик. Потребно е да се постави на оној ѕид кој го нарушува правилниот облик и симболички, тоа ќе го продолжи просторот во оној правец каде што е тоа потребно.

Во ходниците кои имаат таков облик што енергијата интензивно и брзо тече директно само во една просторија, занемарувајќи ги останатите, огледалото може да послужи за да се смени насоката на енергијата и кон другите делови од домот.

3-eve-shto-kje-se-sluchi-ako-na-ovie-mesta-chuvate-ogledala-vo-domot-kafepauza.mk

Одбивање на негативната енергија

Во случај кога некоја негативност од вашата околина ја погодува директно вашата влезна врата, таа енергија може да ја одбиете поставувајќи огледало надвор од домот, директно на или над влезната врата.

Ова вака делува едноставно и ефикасно, но доколку отспротива имате соседи, таа одбиена енергија со голема брзина и со засилен интензитет ќе се упати кај нив, што носи несреќа, болести и загуба. Ако не сте во најдобри односи со соседите, ова можеби ќе ви изгледа како добра идеја, но имајте на ум дека ако правите некому зло, си правите зло и на самите себеси.

Затоа овој вид контролирање на енергијата воопшто не се препорачува.

4-eve-shto-kje-se-sluchi-ako-na-ovie-mesta-chuvate-ogledala-vo-domot-kafepauza.mk

Избор на огледала

Првото нешто што треба да го имате на ум кога станува збор за изборот на огледалото е дека оние кои се составени од делови создаваат исцепкана слика од нас или од она што го одразуваат, што влијае многу непогодно.

Премалото огледало ќе создаде впечаток дека ни фали дел од лицето или главата, а тоа може неповолно да делува на нашата слика за себе. Огледалото би требало да е доволно големо за да во него се гледа целата ваша глава барем до градите, поточно делот до под висината на вашето срце.

Валканите, скршени или стари огледала исто така се лоши.

Треба да имате едно големо огледало некаде во домот во кое сите домашни можат одеднаш да се видат од глава до пети.

Големината на огледалата кои ги користите за корективни цели ќе зависи од големината на просторот во кој ги поставувате, како и од големината на она што го коригирате.

Општото правило е дека огледалото со дијаметар од 20 см енергијата ја рефлектира 1 м назад во просторот, огледалото од 40 см рефлектира 2 метри назад во просторот.

Уште еден аспект во врска со огледалата е нивниот облик.

Триаголни огледала не смеете да поседувате во никој случај, бидејќи триаголникот е симбол на огнот, а огледалото припаѓа на водените елементи.

Правоаголните и квадратните огледала се јанг, а овалните и кружните јин. Кружните и овалните огледала се попогодни за простории во кои се живее од квадратните и правоаголните. Бидејќи се направени од стакло, тие имаат остри рабови и мора да бидат врамени или фацетирани за да не создаваат негативна енергија.

Еве што ќе се случи ако на овие места чувате огледала во домот

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар