Експеримент кој ќе ви го промени мислењето за социјалните мрежи

Експеримент кој ќе ви го промени мислењето за социјалните мрежи

Ако ви е тешко да се разделите од вашиот телефон, верувајте дека не сте единствени. Милиони луѓе се зависни од социјалните мрежи и поминуваат многу време гледајќи во своите екрани обидувајќи се да се почувствуваат поврзани.

eksperiment-koj-kje-vi-go-promeni-mislenjeto-za-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mk

Можеби сметате дека револуцијата во комуникацијата ќе нè зближи, но истражувањата покажуваат дека социјалните мрежи нè оддалечуваат од интеракцијата во живо, го зголемуваат проблемот со следењето, предизвикуваат Интернет зависност и ја намалуваат самодовербата.

Говорот кој го одржал Марк Шапиро за TED е токму за оваа тема.

Кога се развел пред 5 години, Марк се свртел кон социјалните мрежи за да се почувствува поврзан, но се случило спротивното. Тој се чувствувал одделен од луѓето околу него. Но решил да не чека од социјалните мрежи да му го подобрат расположените, туку го сменил начинот на кој ги користел.

Марк смислил дневна навика од 15 секунди која го поврзала со пријателите и познаниците и буквално го преплавила со љубов и ценење. Оваа навика може да ја неутрализира моќта на социјалните мрежи кои нè држат заробени.

Тој ја добил идејата кога ги споделил вестите за смртта на неговиот татко на социјалните мрежи. Реакцијата која ја добил ја опишал како „цунами од љубов“. Сакал да им одговори на сите пораки, но едноставното „Благодарам“ било премногу кратко, а за долги пораки немал време. Она што го направил е снимил лична порака за да ѝ се заблагодари на секоја личност. Ова искуство било терапевтско, па Марк решил да го применува во секојдневниот живот. Така настанал:

Експериментот „Роденден“

Марк има 2.700 пријатели на Фејсбук. Секој ден тој одвојува по 5 минути за да сними персонализирано видео за секој од контактите кога му е роденден. Тој смета дека иако за нас е обичен ден, за славениците овој ден е посебен.

До денес Марк има испратено 1.762 пораки. И најдоброто е што дури 70% од луѓето му вратиле – некои со видео, некои со текст. Овој експеримент навистина функционирал.

„Во светот на роденденски пораки, објавувања на ѕидот и телефонски повици, ова видео ги надминува сите“, изјавил еден од пријателите на Марк.

Нешто реално

Причината што овој експеримент успеал нема врска со родендените. Тој е успешен бидејќи допира нешто реално кај луѓето. На секој од нас му потребна реална поврзаност. Што мислите за овој експеримент? Дали и вие би го направиле истото за вашите сакани?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар