Едноставен тест со кој ќе откриете дали кај вас постои ризик од прерана смрт

Добрата физичка форма не е само за спортистите. Од голема важност е секој од нас да биде во добра физичка состојба бидејќи со тоа се намалува ризикот од болести на срцето, рак и други проблеми со здравјето.

Едноставен тест со кој ќе откриете дали кај вас постои ризик од прерана смрт

Според едно истражување од Шпанија, физичката форма имала главна улога во одржувањето на здравјето. Во истражувањето учествувале 12.615 луѓе на возраст од 18 до 91 година, за кои се сомневало дека се изложени на поголем ризик од болести на коронарните артерии. Испитаниците биле замолени да одат или да трчаат на лента за трчање со цел да се провери нивната реакција на стрес. Резултатите биле мерени во метаболички еквиваленти (МЕТ). За да добијат позитивен резултат, испитаниците требало да освојат 10 МЕТ поени, што е еднакво на искачување 3-4 ката без пауза.

„Четири ката скали е еднакво на околу 20 метри под агол од 30 до 35 степени. Доколку некој може да се качи по скалите за 45 до 55 секунди, тогаш има 10 МЕТ поени и тоа значи дека е во добра форма“, изјавил доктор Хесус Петеиро Васкез, еден од истражувачите.

Оние кои не успеале да го поминат тестот, по 5 години имале помал капацитет на физички способности, 3 пати поголеми шанси да умрат од кардиоваскуларни болести и два пати поголеми шанси да му подлегнат на ракот или некоја друга болест. Оние кои биле во добра форма за време на истражувањето биле заштитени.

Физичката активност и физичката форма имаат големо влијание на крвниот притисок и липидите, а со тоа на целиот кардиоваскуларен систем. Добрата кондиција влијае и на намалување на воспаленијата. Ова е од голема важност бидејќи многу воспаленија се гледаат како причина за разни видови рак и болести на срцето.

Па, за да откриете дали и вие сте во добра физичка форма, пробајте го тестот со качување по скали. Доколку не можете да ги искачите скалите или ви е потребно повеќе време, најдобро е да почнете со вежбање.

Погледнете кои се знаците кои покажуваат дека сте во добра физичка форма, дури и ако не вежбате.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар