Едно истражување со магнетна резонанца открива зошто некои песни не ни излегуваат од глава

Едно истражување со магнетна резонанца открива зошто некои песни не ни излегуваат од глава

Едно неодамнешно истражување ни открива зошто одредени песни се „заглавуваат“ во вашите уши и поради тоа постојано ве тераат да си ги потпевнувате. Станува збор за феномен наречен „Involuntary Musical Imagery“, кој се појавува почесто кај личности со одредени особини отколку кај другите.

Едно истражување со магнетно резонирање открива зошто некои песни не ни излегуваат од глава

Иако за наведените факти за настанувањето се знаело и претходно, невролошката основа на овој феномен била сосема непозната. Но, според новото откритие, одредени фреквенции се поврзани со задебелените области на мозокот кои се вклучени во создавањето музичка слика и со способностите за замислување отсутни звуци. Појавата на овој феномен е поврзана со областите кои се одговорни за емоции и помнење.

Научниците имаат голем интерес за овој феномен, најпрво бидејќи тој е многу чест и комплексен, но и поради тоа што може да го подобри расположението и емоциите. Околу 40% од нашите дневни мисли се вон нашата волја и контрола, а истото се случува и со овој феномен. Преку ова истражување, забележана е поврзаност со десниот инфериорен гирус. Одредени делови од мозокот имаат инхибиторни улоги кои можат да ја намалат спонтаната активност на други области. Доколку овие области од мозокот имаат помала дебелина на кортексот, тогаш нивните инхибиторни акции се намалени, предизвикувајќи зголемена појава на феноменот.

Научниците исто така откриле и врска помеѓу тоа колку одредени луѓе сметаат дека феноменот им помага во извршување на секојдневните активности со волуменот на мозочното ткиво во областа за формирање помнење. Ова истражување дошло до заклучок дека феноменот е нормално искуство кое ги опфаќа оние делови од мозокот кои се одговорни за перцепција, емоции, помнење и спонтани мисли.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар