Друштвена игра за ужасни луѓе

Друштвена игра за ужасни луѓе

Друштвената игра „Cards Against Humanity“ (Карти против човештвото) не е наменета за оние луѓе кои не можат да прифатат навредлива шега. Во описот на кутијата стои „Друштвена игра за ужасни луѓе“.Друштвена игра за ужасни луѓеИграта е многу едноставна. Секој учесник на почетокот на играта влече по 10 бели карти на кои се наоѓаат можни одговори. Потоа во секој круг еден од натпреварувачите влече прашање од црниот куп карти, на кое останатите одговараат со својата најсмешна бела карта. За некои прашања можат да бидат потребни и повеќе одговори. Натпреварувачот со најсмешната комбинација добива поен. Целосните правила можете да ги најдете на официјалниот сајт на играта.Друштвена игра за ужасни луѓеСетот со картите чини 25 долари, а интересното е тоа што можете да ги направите и сами, бидејќи достапна е бесплатна онлајн-верзија од сите карти, која е споделена под Криејтив Комонс лиценца.Друштвена игра за ужасни луѓе Друштвена игра за ужасни луѓе


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар