Дознајте што открива местото на вашата тетоважа за вашиот карактер - Part 2

Дознајте што открива местото на вашата тетоважа за вашиот карактер

7. Бут

Дознајте што открива местото на вашата тетоважа за вашиот карактер

За разлика од листовите, бутовите се малку поскриени. Тетоважите на ова место најчесто се поголеми и покомплицирани. Луѓето кои се тетовираат на ова место во себе кријат голема сексуална страст, што ја чуваат само за најпосебните личности.

8. Гради

Дознајте што открива местото на вашата тетоважа за вашиот карактер

Луѓето кои имаат тетоважи на градите се многу самоуверени. Овие тетоважи најчесто имаат романтично значење и претставуваат симбол за луѓето кои се блиску до срцето на тетовираниот човек.

9. Грб

Дознајте што открива местото на вашата тетоважа за вашиот карактер

Тетоважите на грбот обично претставуваат нешто значајно за тетовираните луѓе, но не мора да ги гледаат секој ден за да ги ценат. Тетоважите на грбот ја симболизираат основата на нашите животи. Не мислиме на дишењето, но знаеме дека е многу важно. Тие ја носат суштинската смисла што ја создава основата на вашиот живот, меѓутоа не мора да мислите на неа за да ја применувате во пракса. Луѓето со тетоважи на грбот се мистериозни, храбри и не се грижат толку многу за туѓото мислење.

10. Уши

Дознајте што открива местото на вашата тетоважа за вашиот карактер

Тетоважите на или зад ушите се многу мали, едноставни и слатки. Со оглед на тоа што ушите се за слушање, луѓето се тетовираат на ова место за да обележат некаква музика, животни или луѓе што им се драги. Луѓето кои имаат тетоважи зад ушите се слободоумни и секогаш го прават она што го сакаат. Не сакаат да се експонираат во јавност, но нивните постапки и уметничка страна често ги изложуваат во центарот на вниманието.

11. Врат

Дознајте што открива местото на вашата тетоважа за вашиот карактер

Тетоважите на вратот најчесто се многу дискретни. Луѓето кои се тетовираат на ова место се многу храбри и не се плашат да донесуваат тешки одлуки. Освен тоа, тие се многу силни, мудри и самоуверени.

12. Подлактица

Дознајте што открива местото на вашата тетоважа за вашиот карактер

За разлика од тетоважите на надлактицата кои лесно можат да бидат скриени, тетоважите на подлактицата можат да се покријат само со ракави. Луѓето со тетоважи на ова место, сакаат да ја покажуваат нивната уметничка страна и сила. Овие тетоважи во себе кријат длабоко значење и на тетовираните луѓе им служат како потсетник на сето она што го поминале во животот.

Прочитајте уште неколку информации за тоа што открива за вас местото на кое имате тетоважа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар