Дознајте кои соништа го претскажуваат доаѓањето на нова љубов во вашиот живот

Сигурно ви се случило да сонувате работи кои ви се чинеле комплетно бесмислени. Луѓето честопати се интересираат за значењето на соништата и веруваат дека тие се предзнаци на она што ги очекува во иднина. Поради тоа толкувањето на соништата, односно онеирологијата, е наука која предизвикува голем интерес. Според неа, доколку следниве 5 мотиви се појавуваат во вашите соништа, може да очекувате дека љубовта наскоро ќе ви заѕвони на врата…

Дознајте кои соништа претскажуваат дека ве очекува нова љубов

Кукла

Овој мотив нема само едно значење. Ако се играте со куклата тоа значи караница, конфликт. Меѓутоа, доколку ја подарите куклата, тоа кажува дека ќе ви се појави нова љубов.

Голотија

Овој мотив многу често се појавува во соништата. Доколку се соблекувате или веќе сте голи, тоа е предзнак на ново познанство. Таа непозната личност може да биде многу важна за вас и да стане вашиот иден романтичен партнер.

Постелнина

Креветот и постелнината укажуваат на љубов и на тоа дека сте во можност да ги прифатите новите емоции. Ако во соништата ви се појавува бела платнена постелнина, тогаш вие сте целосно подготвени за доаѓањето на новата љубов.

Густа шума

Доколку се двоумите во шумата и не можете да го пронајдете излезот, тогаш сѐ уште не сте подготвени за нова љубов. Меѓутоа, успешното бегство од шумата е знак дека сте зрели за нов однос и наскоро ќе пронајдете љубов.

Семе

Семето е симбол на плодноста, но и на љубовта. Ако во сонот се појави сеење на семето, тогаш подготвени сте да ги прифатите новите чувства. Но, ако сонувате жетва, тоа значи дека треба да се ослободите од лошите особини кои досега го спречувале создавањето на нова врска.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар