Дознајте ја тајната што ќе ви помогне да им станете попривлечни на луѓето

Дознајте ја тајната што ќе ви помогне да им станете попривлечни на луѓето

Постојат луѓе чиј изглед не се согласува со општествените стандарди за убавина, кои не ги следат модните трендови и не се стремат кон тоа да достигнат совршенство. Но, токму тие зрачат со некоја мистериозна, речиси волшебна привлечност со која ги освојуваат сите луѓе околу нив. Сигурно се прашувате од што зависи меѓусебната привлечност? Верувале или не, нема никаква врска со физичкиот изглед.

Дознајте ја тајната што ќе ви помогне да им станете попривлечни на луѓето

Одговорот е многу јасен: Вашата привлечност во очите на другите најмногу зависи од вашите чувства. Ова можеби звучи очигледно, но не е толку лесно да се примени. Не е доволно само да ги искажувате емоциите. Вашите чувства треба да бидат искрени и што е најважно – едноставни. Нѐ привлекуваат луѓе чии емоции можеме лесно да ги разбереме. Изгледот не е толку важен во овој случај.

Несвесно бараме партнери и пријатели кои размислуваат слично како нас и ги негуваат истите етички вредности. Кога ќе наидеме на таква личност, таа потсвесно почнува да ни станува привлечна. Овие податоци биле пронајдени благодарение на експериментот на Силк Андерс, професорка на Универзитетот во Либек, Германија. Таа побарала од група волонтери да гледаат видеа од жени кои преку изразот на лицето покажувале страв или тага.

По гледањето на видеата, испитаниците требале да го оценат она што го виделе. Резултатите покажале дека колку подобро волонтерите можеле да разберат како жената на екранот се чувствува, толку попривлечна им била, без оглед на нејзиниот физички изглед.

Истражувачите исто така ја мереле и мозочната активност на луѓето за време на експериментот. Се дознало дека постои зголемена активност во областа од мозокот што е задолжена за тоа да одреди колку нѐ привлекуваат другите луѓе кога испитаниците биле најсигурни за емоциите што ги доживувале жените од видеата.

Со други зборови, ако можеме лесно да откриеме и прифатиме нечии емоции, тоа значи дека можеме да ѝ веруваме на таа личност. Сметаме дека можеме да пронајдеме заеднички јазик и затоа таквите луѓе нѐ привлекуваат на потсвесно ниво.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар