Дознајте ги мрачните тајни на лотаријата и другите игри на среќа

Дознајте ги мрачните тајни на лотаријата и другите игри на среќа

Речиси секој обичен човек сонува да добие многу пари на лотарија, но добро е да се знае што се крие зад гламурот на големите парични добивки. Можеби сте чуле дека поголеми се шансите да бидете убиени од метеор отколку да освоите милионски износ на лотарија. Тешко е да се одолее на искушението да купите лотариско ливче, бидејќи на крајот на краиштата давате околу 50 денари, а имате шанса да освоите милиони. Но, пред да отидете до најблискиот киоск и да купите среќка, прочитајте ги следниве неколку мрачни тајни што се кријат зад работата на лотаријата…

Дознајте ги мрачните тајни на лотаријата и другите игри на среќа

Луѓето копаат по ѓубре за да најдат среќки

Едвард Сент Џон имал 83 години кога копал по ѓубре и нашол среќка со вредносна добивка од милион долари. Меѓутоа, набрзо се појавил сопственикот на добитното ливче кој тврдел дека по грешка го фрлил во ѓубре. На крајот, се спогодиле Џон да добие 140.000 долари.

Главна мета на лотаријата се сиромашните

САД има голем проблем затоа што лотариите најмногу пари заработуваат во најсиромашните предели. Во 2014 година, лотаријата на Северна Каролина најмногу заработила во пределите каде што има највисока стапка на сиромаштија. Од 20 населби каде што стапката на сиромаштија е над 20%, во дури 18 од нив вкупната заработка од продадени среќки изнесувала по 200 долари од глава на жител.

Државите повеќе заработуваат од лотариите отколку од даноците

Точно 11 од соединетите американски држави заработуваат повеќе од продажба на лотариски ливчиња отколку од данокот што им го наплаќаат на фирмите. И за добивките од лотарија треба да се плаќа данок, а во Роуд Ајленд секоја добивка од над 600 долари ја покачува даночната стапка за дури 45%.

Понекогаш продавачите лажат

Кога ќе отидете да го уновчите вашето ливче, а продавачот ќе ви каже дека не сте освоиле ништо, немате многу избор освен да му поверувате. Ќе си помислите дека погрешно сте ги прочитале бројките и ќе му го оставите ливчето на продавачот или ќе го фрлите во корпа за отпадоци. Меѓутоа, понекогаш ливчињата се добитни, а продавачот сака да ве прелаже. Во Калифорнија проблемот со ваквите измами бил толку голем, што државата праќала полицајци на тајни задачи за да ги фатат трговците кои ги лажеле добитниците.

Дознајте ги мрачните тајни на лотаријата и другите игри на среќа

Некои продавници зависат од лотариите

Во Америка некои трговци би изгубиле речиси половина од нивниот дневен промет, ако престанат да продаваат среќки за лотарија. Освен тоа, продавниците добиваат одреден процент од сите добивки, а кога ќе се расчуе дека некој некаде продал добитно ливче, во таа продавница продажбата се зголемува за 20% затоа што луѓето веруваат дека таму и ним ќе им се насмевне среќата.

Продажбата расте правопропорционално со невработеноста

Во периодот на најголема рецесија во Америка во 2008 година, дури 22 државни лотарии оствариле рекордни продажби. Според економистите, луѓето мислат дека купувањето лотариски ливчиња ќе им донесе некоја значајна сума на пари.

Освојувањето пари на лотарија го уништува човекот

Истражувањата покажале дека ако освоите пари на лотарија, не значи дека ќе го подобрите квалитетот на животот. Дури една третина од добитниците на лотарија банкротираат, а голем дел од нив страдаат од депресија, се разведуваат или извршуваат самоубиство.

Били Боб Харел е најдобриот пример за негативните последици од освојувањето голема добивка. Тој освоил 31 милион долари и отишол на одмор на Хаваи. Купил куќи и автомобили за семејството и донирал огромна сума пари во добротворни цели. Наскоро, сѐ тргнало во надолна линија откако им поверувал на некои сомнителни луѓе. Жена му го оставила и тој изјавил дека добивката на лотарија е најлошото нешто што некогаш му се случило. Набрзо, извршил самоубиство.

Доколку сте љубители на игрите на среќа, размислете добро нареден пат кога ќе посакате да купите лотариско ливче и запрашајте се дали навистина би сакале да освоите огромна сума на пари на таков начин.

Доколку сакате да дознаете повеќе за страшните последици од игрите на среќа, прочитајте за 5-те најголеми добитници на лотарија, а губитници во животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. jas Reply

    najubavoto nesto sto na covek nekogas moze da mu se sluci e da dobie lesni bez pot mnogu pari. tie se najslatki. mnogu pari bez trud ili malku trud. ovoj sto parite bile najlosoto nesto sto mu se slucilo sigurno imal mentalni precki

Остави коментар