Досадно ви е? Еве неколку работи што можете да ги правите овој викенд!

Доколку се борите против досадата и сакате да направите нешто поразлично овој викенд, тогаш сте дошле на вистинското место. Со помош на овие активности брзо ќе ви исчезне досадата и ќе се чувствувате многу подобро. Вреди да ги испробате!

Досадно ви е? Еве неколку работи коишто можете да ги правите овој викенд!

1. Декорирајте си ја собата. Покажете ја вашата креативна страна и овој викенд разубавете го вашиот простор.

2. Организирајте ги вашите полици за книги по наслов и жанр. На овој начин ќе се потсетите и на омилените книги. Можеби ќе ви се роди желба повторно да се сретнете со старите пријатели меѓу кориците.

3. Преуредете го распоредот на мебелот во вашата соба. Ќе се изненадите колку позитивно тоа може да ви влијае.

4. Повикајте некој стар пријател. Викендите се одлична можност за опуштање и дружење. Потсетете се на старите пријатели и уживајте во нивното друштво.

5. Направете некој свој коктел. Измешајте ги омилените состојки и испробувајте различни коктели. Доколку сте задоволни од ова, поканете ги и вашите најблиски да го дегустираат.

6. Исчистете ги четките за шминка. Бидејќи веќе знаете дека многу бактерии се собираат на вашите четки за шминка, зошто да не се посветите овој викенд на нивно темелно чистење?

7. Излезете надвор и фотографирајте. Земете го вашиот фотоапарат или смартфон, истражувајте ја природата и направете прекрасни спомени.

8. Подарете облека. Преуредете го вашиот плакар со облека и пронајдете десет парчиња коишто можете да ги донирате. Ќе се чувствувате подобро.

9. Вежбајте. Треба ли да се спомене кои се огромните придобивки од вежбањето?

10. Возете велосипед. Искористете го сѐ уште пријатното време за возење велосипед. Ова можете да го правите сами или во друштво на пријателите. Како и да е, ќе ве релаксира и ќе ви даде дополнителна позитивна енергија.

Досадно ви е? Еве неколку работи коишто можете да ги правите овој викенд!

11. Купете нешто што отсекогаш сте посакувале. Можеби тоа е некое парче облека што долго време го гледате на излогот или пак најновата книга од омилениот писател. Вреди да потрошите некој денар за себе.

12. Напишете некоја песна. Не мора да бидете професионалец. Само искажете ги вашите чувства на лист хартија и ќе бидете изненадени од вашиот резултат.

13. Засадете цвеќе. Тоа може да биде мало собно цвеќе на коешто ќе му посветувате секојдневно внимание. Така ќе се чувствувате грижливо и корисно.

14. Почнете со учење нов јазик. Да се научи јазик е долг процес, но, најпрво можете да започнете со онлајн курсеви што дополнително ќе ве поттикнат и мотивираат.

15, Посетете ги вашите баба и дедо. Изненадете ги со вашето присуство и покажете им колку ви значат!

Досадно ви е? Еве неколку работи коишто можете да ги правите овој викенд!

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар