Додека имате магаре, јавајте го: Најпознатите цитати од генијалниот Стеван Сремац

Додека имате магаре, јавајте го: Најпознатите цитати од генијалниот Стеван Сремац

Стеван Сремац е еден од најзначајните писатели од српскиот реализам. Тој иако почнал да пишува на 33 години, зад себе оставил неколку познати романи и раскази меѓу кои „Ивкова слава“, „Вукадин“, Поп Чиро и поп Спиро“, „Зона Замфирова“ и многу други. Овие дела исто така биле екранизирани во ТВ серии и филмови. Главните одлики на неговото творештво се реалистичноста, хуморот, епизодичноста, традиционализмот, конзервативноста и слично. Во продолжение прочитајте некои од неговите најпознати цитати што ќе ве насмеат, но и замислат…

Додека имате магаре, јавајте го: Најпознатите цитати од генијалниот Стеван Сремац

„Женидба, тоа е просто игра на среќа. Имате, ви велат, полна вреќа змии и меѓу нив една јагула, ставате рака во вреќата и бирате! Е, па ајде, нека ви се падне баш таа една единствена јагула.“

„Додека имате магаре, јавајте го.“

„Тешко на своите без своето.“

„Каде што нема расправии, нема ни нежности.“

„Кога кучето јаде колбас, сигурно го украло.“

„Богатство не е ниту среброто ниту златото, туку она што му е драго на срцето.“

„Не вреди главата кога не носат нозете.“

„Првата љубов и мајскиот дожд се прекрасни, но поминуваат за час.“

„Рибата и гостинот третиот ден почнуваат да смрдат.“

„И месечината може да биде поглед кон светот.“

„Да е водата добра, во неа не би пливале жаби, туку луѓе.“

„Каде има оган, мора да има и чад.“

Прочитајте ги и следниве моќни цитати за животот и среќата од неповторливиот Иво Андриќ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар