Добар изговор или навистина постои ген за изневерување?

Некои видови глодачи, за разлика од 97% од животинскиот свет, се моногамни. Нивните животи можеби се кратки, но кога ќе најдат партнер остануваат со него до крајот. Друг вид глодачи пак се парат само еднаш, со еден партнер и потоа истиот го напуштаат. Оваа голема разлика кај 2 многу слични вида е одличен начин да се декодираат генетските корени на сексуалната моногамија и неверството.

dobar-izgovor-ili-navistina-postoi-gen-za-izneveruvanje-kafepauza.mk

Хормони и поврзување

Според голем број истражувања, моногамните глодачи имаат повеќе рецептори во мозокот за хормонот наречен вазопресин за кој се верува дека е клучен кога станува збор за поврзување. Не само што овие глодачи имаат повеќе рецептори од другите, туку рецепторите се лоцирани поблиску до центарот за награда во мозокот.

Па кога овие глодачи се парат, нивните тела произведуваат вазопресин кој пак го тера нивниот мозок да го награди парот со убави емоции. Од друга страна, мозоците на „неверните“ глодачи имаат многу помалку рецептори, па врската помеѓу поврзувањето и задоволството е многу послаба. Локацијата и чувствителноста на рецепторите за хормоните е диктирана од нашите гени. Па ова води до прашањето: Дали нашиот нагон за неверство е производ на нашите гени?

Одговорот е комплициран

Вистинската приказна за потеклото на неверството и моногамијата е многу покомплицирана од „генот за изневерување“. Човечкото сексуално однесување е производ од безброј влијанија и интеракции, од нашите први врски со родителите, до социјалните норми во врска со сексуалноста, па и до нашите генетски предиспозиции.

„Ние никогаш не сме затвореници на нашата биологија. Но ова може да објасни зошто некои луѓе имаат различна мотивација во таа област за разлика од другите“, изјавил Џастин Гарсија, биолог на Универзитетот во Индијана.

Влијанието на овие генетски „мотивации“ е тешко да се одреди, но едно истражување од 2014 година понудило интересни резултати. Истражувачи ги разгледувале сексуалните навики на речиси 7.400 близнаци и роднини во Финска, и откриле дека 9,8% од мажите и 6,4% од жените имале повеќе од 1 сексуален партнер во изминатата година. Но она што е навистина интересно е тоа што идентичните близнаци (со идентични геноми) покажале исто ниво на верност, додека другите испитаници не. Ова укажува на фактот дека некои гени се доволно моќни да влијаат на сексуалното однесување. Всушност има и бројки за ова. Нашите гени се одговорни за верноста, и тоа 63% од мажите и 40% од жените. Вазопресинот не е единствениот хормон кој е поврзан со моногамијата и верноста. Окситоцинот е друг хормон кој се ослободува за време на секс и кој ги зајакнува социјалните врски.

Допамин и ризично однесување

Одамна е потврдено дека луѓето кои имаат послаби рецептори за допамин почесто се однесуваат ризично – дрога, алкохол, коцкање… Сето ова со цел да го почувствуваат допаминот кој нормална личност би го добила и од јадење чоколадо. Во едно истражување учествувале 181 испитаник, дел од кои имале послаби рецептори за допамин. Се открило дека луѓето со послаби рецептори имале 50% поголеми шанси да бидат неверни.

Доколку сте преживеале неверство, погледнете што треба да направите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар