ДНК тестирањата покажале дека Абориџините од Австралија ја имаат најдревната култура во светот

Генетско истражување докажало дека Абориџините потекнуваат од луѓе кои мигрирале во Австралија пред околу 58.000 години. Ова е прв пат да се спроведе генетско истражување од овој вид. Резултатите се навистина неверојатни бидејќи покажуваат дека овие предци ја сочинуваат најстарата позната култура во светот.

ДНК тестирањата покажале дека Абориџините од Австралија ја имаат најдревната култура во светот

Истражувањето било спроведено во Универзитетот Кембриџ под надзор на професор Еске Вилерслев. Дел од тимот биле и старешините од племињата на Абориџините во Австралија. Било направено генетско секвенцирање на гените на домородните Австралијанци и на поголем број од жителите на Нова Гвинеја. Претходно истото истражување било спроведено само со тројца испитаници. Испитаниците во новото истражување потекнувале од многу различни места, некои на значително голема оддалеченост.

Претходно експертите се прашувале дали поновите генерации на домородните заедници потекнуваат од првите луѓе кои живееле во Австралија. Сега нивните теории се потврдени. Како едно од најдеталните истражувања, резултатите докажале дека сите ние потекуваме од истата група предци кои мигрирале од Африка.

Оваа миграција се случила во Австралија кога предците на Абориџините и жителите на Нова Гвинеја се преселиле пред околу 70.000 години. Околу 14.000 години подоцна тие се одделиле од групата и веројатно биле првите луѓе кои поминале голема водна површина како океан. Групата завршила во Сахул, површина на која денес се наоѓаат Тасманија, Австралија и Нова Гвинеја. Сепак, оваа поделба се случила 50.000 години подоцна.

Според истражувањето, Австралија има долга историја со луѓе и од овде потекнуваат многу прашања за нивното потекло, нивните врски со различното население и нивното прилагодување. Истражувањето исто така покажало дека Австралијанците имаат исти белези на нивната ДНК како и луѓето од Европа и Азија, што покажува дека сите овие луѓе потекнуваат од ист предок.

Резултатите исто така покажуваат дека домородните заедници од Австралија се таму толку долго што нивните тела се прилагодени на опкружувањето. Разни групи се прилагодиле на климата во разни региони. Австралија се разликува и по тоа што овие племиња имале многу малку контакт едни меѓу други, па генетски се навистина различни. На пример оние кои живеат во пустините на Австралија каде што ноќните температури се под нулата можат да се прилагодат на студот без никаква промена во нивниот метаболизам. Луѓето од Европа сè уште не го постигнале ова.

Низ минатиот век почнала да им се дава поголема важност на домородните култури и истории. Ова истражување само го зацврстува мислењето дека домородните племиња кријат уште многу нешта што треба да ги дознаеме. Дури и луѓето кои моментално живеат во Австралија пристигнале овде неодамна и ја презеле територијата што ѝ припаѓа на една од најдревните култури во светот.

Погледнете како изгледал животот во првата цивилизација.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар