Дали знаете од каде потекнува обичајот за украсување на елката?

Дали знаете од каде потекнува обичајот за украсување на елката?

Во минатото украсувањето на елката се поврзувало само со богатите. Всушност, пред многу години тие биле единствените коишто ја украсувале елката за католичкиот Божиќ, а подоцна и за Нова година.

dali-znaete-od-kade-poteknuva-obichajot-za-ukrasuvanje-na-elkata-kafepauza.mk

Украсувањето на елката на начинот на којшто денес го правиме тоа е „родено“ во Германија, кога во средниот век за католичкиот Божиќ елката се украсувала со црвени јаболка, а во денешна западна Германија се ставале и колачиња во различни облици и свеќи коишто го симболизирале Исус Христос како вечна светлост.

Понатаму низ годините овој обичај се раширил по целиот стар континент, а во 1841 година во Англија се појавила првата елка украсена со бонбони, цветчиња направени од хартија, машни и мали подароци. Украсувањето на елката некогаш било само за богатите, но многу бргу овој обичај го прифатиле и останатите. Доселениците коишто доаѓале од Германија овој обичај го претставиле во Америка, а Азија овој обичај го дознала од мисионерите.

Меѓутоа, постојат бројни теории за тоа од кого поточно потекнува овој обичај за украсување на елката. Меѓу другите, овој обичај најчесто се врзува за симболот на дрвото, односно за стеблото коешто едно древно германско племе го сметало за свето. Според легендата, христијанскиот мисионер Бонифациј, којшто подоцна е прогласен за светец, во 723 или 724 година исекол едно стебло за да им покаже на паганите супериорност на христијанството над нивната религија. Всушност тоа требало да покаже дека тие треба да ја отфрлат својата религија и да го прифатат христијанството. На крај, тој успеал во своите намери.

Обожавањето на дрвјата било многу често кај европските пагански народи, при што тоа успеало да се задржи и да се пренесе и на новите религии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар