Дали знаете каде се наоѓа кралството на книгите?

Дали знаете каде се наоѓа кралството на книгите?

На радост на сите романтични души кои сакаат да го поминат одморот во уживање со книга и шолја чај ја пронајдовме идеалната туристичка дестинација. Станува збор за „кралството на книгите“ односно велшкиот град Хеј-Он-Вај.

Дали знаете каде се наоѓа кралството на книгите?

Во 1977 година Ричард Бут, сопственик на книжарница и антикварница, го прогласил градот за кралство на книгите, а себеси за негов крал. Тој бил ексцентричен човек со голема харизма, па лесно им го привлекол вниманието не само на британските туку и на светските медиуми кои веднаш ја прифатиле неговата титула. Освен тоа, било доволна само една прошетка низ градот за да се уверат дека тоа е всушност гратче од бајките!

Дали знаете каде се наоѓа кралството на книгите?

Во гратчето живеат околу 1.500 жители, но тоа може да се пофали со 20 мали книжарници кои чуваат дури 10 милиони книги на своите полици! Така, овде можете да пронајдете сè: од ретки стари историски книги до литература за деца и научна фантастика. Ќе се сложите и дека излозите на книжарниците се навистина атрактивни. Овде ќе најдете дури и книжарница чиј излог е инспирација од славната книжарница во Париз, Shakespeare & Company. Друг интересен факт е дека поранешниот американски претседател Бил Клинтон го нарекол гратчето „Вудсток на умот“.

Откако прочитавте за кралството на книгите, можеби ќе сакате да прочитате и за магичната кинеска книжарница чиј надреалистичен дизајн нема да ве остави рамнодушни.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар