Дали сте сè уште вљубени во бившиот: 6 жени споделуваат кога го сфатиле тоа

Дали сте сè уште вљубени во бившиот: 6 жени споделуваат кога го сфатиле тоа

Понекогаш може да биде навистина тешко да го преболите бившиот партнер. Како светот на состанувањето да не е веќе доволно комплициран, понекогаш ќе се прашувате дали новиот партнер навистина е подобар од бившиот. Дали мислите дека сè уште сте вљубени во поранешниот партнер? Важно е да знаете дека не сте единствени. Прочитајте ги искуствата на 6 жени кои сфатиле дека сè уште имаат чувства за бившиот партнер.

1. Повеќе од пријатели

Дали сте сè уште вљубени во бившиот: 6 жени споделуваат кога го сфатиле тоа

„Откако раскинавме пред околу една година, продолживме постојано да се дружиме како пријатели бидејќи навистина се грижевме за пријателството. Ниту еден од нас не се гледаше со некој друг додека бевме разделени и со текот на времето сфативме дека ако можеме да бидеме најдобри пријатели и сè уште сакаме постојано да се дружиме, едноставно би требало да бидеме заедно.“ – Хели, 25

2. Совпаѓање

Дали сте сè уште вљубени во бившиот: 6 жени споделуваат кога го сфатиле тоа

„Го најдов бившиот партнер на Тиндер и продолжив со разгледување бидејќи ми беше тешко да замислам дека тој се состанува со други, иако и јас го правев тоа. Неколку месеци подоцна повторно го видов на Тиндер и решив да го прифатам. Се совпаднавме и си пишувавме пораки на апликацијата пред да одлучиме повторно да се сретнеме. Мислам дека цело време знаев дека сè уште сум вљубена во него.“ – Брена, 26

3. Отследете го вашето срце

Дали сте сè уште вљубени во бившиот: 6 жени споделуваат кога го сфатиле тоа

„Не се отследивме на социјалните мрежи откако раскинавме и секојдневно ги проверував неговите Инстаграм и Фејсбук профили. Мојата цимерка знаеше дека го правам ова и по некое време ми рече: ‘Сè уште го сакаш!’ Беше во право. Не можев да го преболам и не знам дали некогаш ќе се случи тоа. Го сакам, но досега сум немала храброст повторно да му пријдам.“ – Ана, 27

4. Фотографии

Дали сте сè уште вљубени во бившиот: 6 жени споделуваат кога го сфатиле тоа

„Моментот кога знаев дека сè уште сум вљубена во бившиот беше кога гледав наши заеднички фотографии по неколку пијачки. Мислев дека сум го преболела и дека сум подготвена да се гледам со нови луѓе, но не сум. Тој ми беше најдобар пријател. Никогаш не сум бил поблиска со некој друг и сакам да успееме.“ – Клара, 25

5. Љубомора

Дали сте сè уште вљубени во бившиот: 6 жени споделуваат кога го сфатиле тоа

„Знаев дека сум вљубена во бившиот кога една пријателка ми кажа дека го видела на состанок со некој друг. Никогаш не сум се почувствувала толку тажно и со толку завист. Сè уште немам одлучено дали ќе го побарам или не.“ – Кристен, 25

6. Нов партнер

Дали сте сè уште вљубени во бившиот: 6 жени споделуваат кога го сфатиле тоа

„Знаев дека сè уште сум вљубена во бившиот кога за прв пат бакнав некој друг. Изгледаше сосема погрешно и воопшто не ми се допадна. Толку долго бевме заедно што помислив дека би било добро да излезам и да се гледам со други. Но кога конечно го направив тоа, сфатив дека сакам да бидам само со него и да го бакнувам само него засекогаш.“ – Алисија, 27

Па како да дознаете дали сè уште сте вљубени во бившиот, или само ви недостасува идејата за него? Ова зависи од вас. Врските можат да бидат навистина збунувачки, особено кога станува збор за бившите партнери. Понекогаш е навистина тешко да одлучите дали вреди да ѝ дадете на врската втора шанса. Пред да му признаете на бившиот дека уште имате чувства за него, запрашајте се што сакате да се случи. Како и да е, сигурно ќе доживеете повторно да љубите.

Доколку сте вљубени во бившиот но не сакате да ја обновите вашата врска, овие совети од експертите ќе ви помогнат да го заборавите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар