Дали спонтаноста е подобра од организирањето?

Организираните луѓе се гордеат со тоа што секогаш знаат што и кога треба да направат нешто. Па, понекогаш се случува да им се потсмеваат на луѓето кои спонтано ги решаваат проблемите како што ќе се појават.

Дали спонтаноста е подобра од организирањето?

Без разлика што вие мислите за ова, изгледа дека е многу подобро да бидете спонтани отколку организирани. Всушност, научниците од Универзитетот во Сент Луис сметаат дека планирањето на дневните активности го расипува расположението и не ви овозможува да уживате.

За време на истражувањето, научниците утврдиле дека планирањето на слободното време има влијание врз емоциите. Луѓето кои прават листа со дневни активности на почетокот сметаат дека ова им помага да завршат сè. Но всушност сите планови ги остваруваат без ентузијазам и губат интерес за нивно исполнување.

„Губите многу кога го планирате слободното време“, изјавила една од авторките на истражувањето, Селин Малкон.

Таа тврди дека луѓето кои строго се држат до планираното, го претвораат и слободното време во работно, па потешко им е да ги исполнат сите цели.

Иако е во ред да бидете спонтани, погледнете како едноставната организација може да ви заштеди пари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар