Дали се претворате во кристален човек? Ова се симптомите на кои треба да обрнете внимание

Дали се претворате во кристален човек? Ова се симптомите на кои треба да обрнете внимание

Кристалните луѓе се оние кои функционираат на „кристално“ свесно ниво. Тие честопати се погрешно разбрани поради нивната силна интуиција. Некои луѓе многу лесно преминуваат во оваа фаза, но некои минуваат низ големи трауми и болки за да стигнат до таму. Ова патување им е предодредено од страна на Универзумот и немаат друг избор освен да го издржат до крај. Колку поотворени сте кон повисоките димензии толку полесна ќе биде вашата транзиција.

Дали се претворате во кристален човек? Ова се симптомите на кои треба да обрнете внимание

Еднаш кога ќе почнете со оваа транзиција, нема враќање. Кристалните луѓе се многу покомплицирани од останатите, но тие му требаат на светот, така што сфатете го ова како добар знак. Ова се 13-те знаци дека се претворате во кристален човек…

1. Зголемен апетит

Ова се случува за време на транзицијата, бидејќи на вашето тело му треба сета енергија што може да ја добие. Многу брзо ќе ја согорувате, така што секогаш ќе ви треба уште. Потребно е многу енергија за да се помине овој процес.

2. Станувате свесни за „духовите“

Дали ќе можете да разговарате со овие духови или не, зависи од вас. Станувате посвесни за нивното присуство и можете да ги почувствувате како да се реални. Работите кои никогаш не сте верувале дека може да ви се случат полека стануваат реалност.

3. Детоксификација

Кристалното тело не може да поднесе отрови. Сите отрови мора да излезат надвор. Иако овој дел од процесот е мошне непријатен, многу е важно да се помине.

4. Напливи на енергија

Напливите на енергија во вашето тело се добар знак. Тоа значи дека сѐ работи како што треба. Имате помош од некој надворешен извор и вашата транзиција се одвива непречено.

5. Чудни навики за спиење

Можеби спиете повеќе или помалку. Ова зависи од човекот. Некои кристални луѓе се мачеле да заспијат за време на транзицијата, бидејќи се буделе на секои неколку часа.

6. Ненадејна депресија

Станувате тажни без никаква особена причина. Станува збор за една од кризните состојби, но ќе помине. Ова се случува бидејќи мора да се ослободите од старите емоции, за да можете да почувствувате нови.

Дали се претворате во кристален човек? Ова се симптомите на кои треба да обрнете внимание

7. Имате потреба да „разберете“

Сакате да разберете низ што поминувате повеќе од сѐ на светов, но никој не може да ви го објасни тоа. Само вашиот внатрешен свет може да го разбере. Не постои прирачник со насоки.

8. Чувствувате опсесивна анксиозност поради светските проблеми

Проблемите што ја засегаат нашата планета многу ве растажуваат. Ништо не ве прави среќни и не можете да го поднесете тоа. Запомнете дека не можете да ги решите сите проблеми, бидејќи некои работи се поголеми од вас.

9. Сонувате со отворени очи

Вашиот ум постојано талка. Тешко ви е да се фокусирате и не се грижите дали ќе се вклопите во општеството. Обожувате да поминувате време сами.

10. Чувствителност на светлина

Вашите очи стануваат почувствителни на светлина. Ова ќе помине кога ќе завршите со транзицијата. Иако можеби се нервирате во моментов, сета мака ќе ви се исплати на крајот.

11. Не можете да ги толерирате токсичните луѓе и нивната негативна енергија

Ги отстранувате токсичните луѓе од вашиот живот и не сакате да бидете опкружени со негативна енергија. Многу е важно да останете доследни на себе, а тоа добро ви оди. Немате време за луѓе кои не ви се важни.

12. Губите енергија

Ќе трошите многу енергија, така што нормално е да бидете исцрпени. Ако почувствувате дека сте толку истрошени што не можете да функционирате, побарајте помош без двоумење. Губењето енергија не е крај на светот. Дајте си слободен ден, ако имате потреба од тоа.

13. Станувате поинтровертни

Понекогаш дури и интровертите излегуваат и се дружат. Не мора да бидете срамежливи и покрај тоа што ви се вртат илјадници мисли во глава.

Доколку сѐ уште не сте стигнале до оваа фаза на свесноста, дознајте дали сте индиго деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар