Дали науката може да ги потврди реинкарнацијата и астрологијата?

Низ модерната историја, науката и верата имаат различни ставови за астрологијата или задгробниот живот. Ова е нормално бидејќи науката се потпира на опипливи докази, додека астрологијата зависи на верување во нешто што не може физички да се докаже.

Дали науката може да ги потврди реинкарнацијата и астрологијата?

Во науката за да докажете нешто потребно е да можете да го измерите резултатот на тестот. Потоа некој друг треба да ги повтори истите тестови и да ги добие истите резултати. Па, докажувањето дали во астрологијата и реинкарнацијата има некоја вистина не е лесна работа.

Еден од најважните делови во верата во разните религии е концептот на задгробен живот. Замислата за задгробниот живот варира во разните религии, но заедничко им е тоа што сите раскажуваат за некаков вид живот после смртта.

Реинкарнацијата е едно од верувањата за задгробен живот. Таа е различна од концептот на пекол и рај. Кога станува збор за реинкарнација, човечката душа не оди на овие места туку се раѓа во ново физичко тело на Земјата. И самата реинкарнација има неколку варијации во зависност од религијата или филозофијата, но главното значење е исто.

Кога ќе слушнете некој да зборува за „минат живот“, тоа се однесува на реинкарнација. Спротивно на популарното верување, астрологијата е многу повеќе од хороскопските знаци – таа е тесно поврзана со реинкарнацијата.

Во астрологијата можете да користите софтвер за да ја направите вашата натална карта. Ако сакате да откриете кои сте, вклучувајќи и тоа дали сте се реинкарнирале, вашата астролошка карта може да ви даде неколку информации за вашиот хороскоп, минат живот, па и неколку одговори за тоа зошто сте овде и која е вашата цел.

Дури и оние кои веруваат во астрологија и реинкарнација, ретко ги паметат своите минати животи. Но кога ќе се сетите на минатиот живот, тоа е феномен кој ѝ овозможува на науката да го докаже неговото постоење.

Психијатарот Џим Такер од Универзитетот во Вирџинија се интересирал за реинкарнацијата уште од доцните 1990-ти и ја истражува веќе некое време. Покрај тоа, самиот Универзитет во Вирџинија прави истражувања на таа тема веќе 50 години.

Фокусот на доктор Такер е тестирање на тврдењата за реинкарнација од мали деца. Неговиот главен пример е Џејмс Ленинигер, 2-годишно момче од Луизијана кое има сеќавања од пилот од Втората светска војна. Сеќавањата на Џејмс биле толку детални што тој го привлекол вниманието на јавноста, како и на доктор Такер.

Во едно интервју во кое разговара за реинкарнацијата и астрологијата, доктор Такер истакнал дека Џејмс потекнува од христијанско семејство. Ова значи дека семејството немало верување за реинкарнација или астрологија. Не се чудни само сеќавањата на момчето за пилотот од пред 50 години. Почудни се референциите кои вклучуваат вистински несреќи и имиња кои момчето би немало како да ги знае.

Сигурно се прашувате кога науката влегува во игра. Доктор Такер го цитирал таткото на квантната теорија, Макс Планк. Тој вели дека според анализата на Планк за материја и свест, свеста не би зависела од мозокот за да преживее. Ова значи дека може да се „закачи“ на нов мозок и да биде оживена во форма на сеќавања од минатиот живот. Во главно, свеста е одделена од нашите тела, но потребно ѝ е тело за изразување. Ако свеста е нешто одделно од физичкото и може да преживее без него, тогаш ова е доказ дека постоиме и по смртта. Свест е на некој начин научен термин за зборот душа. Па, ако може да се префрла од едно тело во друго, тогаш сигурно реинкарнацијата е возможна.

Дури и ако свеста не се манифестира како сеќавања од минатиот живот, тие можат да бидат со нас и да не развијат како личност. Ова може да објасни зошто се чувствуваме на одреден начин за некои нешта.

За многу луѓе верувањето во постоење на живот по смртта може да биде голем чекор. Токму поради ова потребна ни е науката за да ни помогне да ја најдеме нашата вера. Иронијата на спротивностите на науката и верата е тоа што науката може да ѝ биде најголемата поддршка на верата.

Прочитајте ги и овие вистински приказни за луѓе кои се сеќаваат на претходните животи.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар