Дали често приметувате 11.11 на вашиот часовник?

Дали често приметувате 11.11 на вашиот часовник?

„11 и 11 е! Замисли си желба!“ Сигурно веќе го имате слушнато ова. Како помали, многу од нас верувале дека 11.11 е времето кога треба да си замислиме желба. А оние кои навистина верувале во ова, сигурно почесто го забележувале ова време. Тоа им служи како потсетник да ја пратат својата желба во универзумот.

dali-chesto-primetuvate-11-11-na-vashiot-chasovnik-kafepauza.mk

Некои луѓе веруваат дека ова е времето кога примаме длабока духовна порака од нашиот духовен водич, нашиот ангел чувар или од нашето повисоко јас. Се смета дека овој нумерички феномен се случува за да нè потсети на поврзаноста помеѓу нашата свест и надворешниот свет. Оваа појава ни помага да останеме присутни и свесни со нашите мисли. Таа служи и како потсетник дека постои нешто, или некој поголем од нас, во кој можеме да бараме знаење и мудрост кога ни е тешко, кога сме исплашени, или кога сме изгубени.

Дорин Вирту, која наводно е медиум помеѓу овој и духовниот свет, вели дека кога забележува броеви кои се повторуваат, особено 11.11 знае дека треба да се посвети на позитивните мисли, бидејќи во тој момент нејзините ангели ќе ја наградат таа манифестација. Таа ја брани својата изјава со еден пример:

„Древниот грчки филозоф Питагора, бил првиот кој тврдел дека броевите имаат вибрациски својства. Тој проучувал како целиот универзум е математички прецизен.“

Според некои толкувачи на календарот на Маите, 21 декември, 2012 година, во 11.11 часот, бил почетокот на будењето на свеста кај луѓето. Премин од мрачната кон златната доба. Многу исцелители и духовни водичи веруваат дека овој збир броеви претставува порака која ни вели да ја вратиме нашата поврзаност со Земјата, да ја повратиме рамнотежата во природата.

Во ова време на промени, можеби универзумот ни праќа пораки како 11.11, со кои нè потсетува да бидеме присутни и да им посакуваме добро на сите живи суштества. Колку повеќе забележуваме вакви пораки, толку повеќе можеме да праќаме позитивни вибрации во универзумот. Дали и вам ви се случило нешто вакво?

„Ако сакате да ги пронајдете тајните на универзумот, размислувајте за термини како енергија, фреквенција и вибрација.“ – Никола Тесла

Погледнете ги и духовните пораки од универзумот кои не треба да ги игнорирате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар