Цртите на нејзиното лице се совршенство: Прогласена е најубавата жена во светот!

Манекенката Бела Хадид (23) е прогласена за најубавата жена во светот, според едно ново истражување спроведено од тим научници што се бави со проучување на најситните детали на лицето. Според нивните анализи, Бела ја добила оваа блескава титула затоа што има совршено пропорционално лице.

Пропорциите на нејзиното лице се 94,35% до златните пропорции, односно оние што претставуваат физичко совршенство. Нејзините очи, веѓи, нос, усни, образи, јагодици и целиот облик на лицето скоро се совршени според критериумите за убавина на античките Грци. Листата со најубави жени била составена од хирургот Џулија Де Силва.

„Бела е победничката кога ќе се земат предвид сите параметри. Нејзиното лице е најблизу до совршенство. Брадата на манекенката добила највисоки поени – од максимални 100% ѝ недостасувале само 3%. Нејзината симетрија на лицето е најблизу до совршенство во однос на другите. Бела е дел од новата генерација супермодели и се очекува да доминира со сцената во следните неколку децении. Нејзината најголема слабост е областа кај веѓите“, изјавил д-р Де Силва.

Второто место на оваа листа ѝ припаднало на пејачката Бијонсе, додека пак на третото се нашла актерката Амбер Херд. Во топ десетте најубави жени се нашле и Аријана Гранде, Тејлор Свифт, Кејт Мос, Скарлет Јохансон, Натали Портман, Кејти Пери и Кара Делевињ.

Прочитајте ги и 7-те тајни за изгледот на најубавата жена во Европа кои лесно можете да ги вклучите во вашата рутина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Остави коментар