Цитати за животот и љубовта од незаменливата Шарлот Бронте

Пред точно една недела беа обележани 200 години од раѓањето на неповторливата Шарлот Бронте. Нејзините револуционерни идеи засекогаш го променија лицето на литературата и важи за првата жена во историјата која се осмелила својот интимен свет и размислувања да ги преточи во зборови. Таа успева да навлезе длабоко во личните размислувања, емоции и внатрешни борби на нејзините ликови, откривајќи ја нивната суштинска личност – област која до тогаш не била истражувана од другите писатели.

Цитати за животот и љубовта на незаменливата Шарлот Бронте

Таа им даде глас на жените од нејзината генерација и на генерациите што следеа потоа со тоа што ги кажа работите што сите сме ги помислиле, но не сме се осмелиле да ги ставиме на хартија. Ова се некои од незаборавните цитати на Шарлот Бронте, која можеби е 200 години стара, но неоспорлив е фактот дека нејзиното дело засекогаш ќе остане безвременско…

„Да бидеме заедно за нас значи да бидеме исто толку слободни сами, колку што сме весели во друштво.“ – Џејн Ејр

„Јас не сум ангел“, изјавив, „И нема да бидам додека не умрам: Ќе бидам тоа што сум. Господине Рочестер, вие не смеете ниту да очекувате ниту да тврдите дека сум нешто совршено – затоа што нема да го добиете тоа од мене, ниту пак јас ќе го добијам тоа од вас, а тоа воопшто не го ни очекувам.“ – Џејн Ејр

„Љубовта е вистинска – највистинското, најтрајното, најслаткото, а сепак најгорчливото нешто што постои.“ – Ширли

„Нема поголема среќа од тоа да бидеш сакан од твоите најблиски и од тоа да чувствуваш дека твоето присуство им нуди утеха.“ – Џејн Ејр

„Мислиш дека сум автомат? Машина без чувства? И дека можам да поднесам ронката леб да биде оттргната од моите усни, и капка вода да биде одземена од мојата чаша? Мислиш дека затоа што сум сиромашна, чудна, обична и мала, затоа сум бездушна и немам срце? Грешиш! Имам душа исто како и ти – и срце исто толку полно чувства колку твоето! И ако Бог ми дарил таква убавина и богатство, ќе ти биде исто толку тешко да ме оставиш, колку што ми е мене сега тешко да те оставам тебе. Не ти зборувам преку вообичаените конвенционалности, ниту преку телесниот медиум: Мојот дух се обраќа на твојот, небаре и двајцата сме излегле од гробот и сме застанале пред Божјите стапала, еднакви – какви што сме!“ – Џејн Ејр

Цитати за животот и љубовта на незаменливата Шарлот Бронте

„Верувам дека комбинацијата од надеж и сончев зрак ги ублажува најлошите моменти. Верувам дека овој живот не е сè: Ниту почеток ниту крај. Верувам додека треперам, се уверувам додека липам.“ – Вилет

„Јас не сум птица и ниту една мрежа не може да ме зароби: Јас сум слободно човечко суштество со независна волја, што сега ја користам за да те напуштам.“ – Џејн Ејр

„Кога мажите би можеле да нè видат онакви какви што сме, би останале малку счудоневидени.“ – Ширли

„Подобро би одбрала да бидам среќна отколку достоинствена.“ – Џејн Ејр

„Чудно е што не се задушив од тага, само поради тоа што очите на друго човечко суштество не се сретнаа со моите.“ – Ширли

„Среќата што не е споделена, одвај може да се нарече среќа, нема никаков вкус.“ – Џејн Ејр

„Неговиот ум беше мојата библиотека и секогаш кога ќе ми ја отвореше, ја искусував среќата.“ – Вилет

„Ќе го позајмам од имагинацијата она што реалноста нема да ми го даде.“ – Ширли

„Среќата не е компир за да биде насадена во земја и одгледувана со ѓубриво. Среќата е благослов кој блеска над нас далеку од Рајот. Таа е божествена роса која во летните утра ја полни душата со цут од амарант и златни овошки од Рајот.“ – Вилет

„Секое делче од твоето тело ми е исто толку драго како да е мое: И во болест и недуг сè уште ќе ми биде драго.“ – Џејн Ејр


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар