Цитати од психологот Карл Јунг: Животот започнува во четириесеттите години, а сè дотогаш е само истражување

Прочитајте ги цитатите од познатиот психолог Карл Јунг што ќе ви помогнат подобро да се разберете себеси.

Цитати од психологот Карл Јунг: Животот започнува во четириесеттите години, а сè дотогаш е само истражување

„Не задржувајте го тоа што заминува. Инаку, тоа што доаѓа кон вас нема да дојде.“

„Ако човекот не ја разбира другата личност, тој ќе ја смета за будала.“

„Најтешкиот товар што лежи на рамениците на децата е непроживеаниот живот на нивните родители.“

„Вашата визија ќе стане јасна само кога ќе погледнете во вашето срце. Оној што гледа надвор – гледа само соништа, тој што гледа внатре – се буди.“

„Осаменоста не се отсликува преку отсуството на луѓе околу вас, туку преку неможноста да разговарате со луѓето за она што ви е важно или неприфатливо.“

„Ние се стремиме кон минатото на нашите родители и напред, кон нашите деца, кон иднина што никогаш нема да ја видиме, но за која сакаме да се грижиме.“

„Депресијата е како дама во црно. Ако таа дојде кај вас, не бркајте ја. Поканете ја на маса, како гостинка и слушнете ја што има да ви каже.“

„Сè што ве иритира кај другите може да ви помогне да се разберете самите себеси.“

„Ако сте талентиран човек, тоа не значи дека сте добиле нешто. Тоа значи дека можете да дадете нешто.“

„Она на што се спротивставувате – опстојува.“

„Осудата не ве ослободува, туку ве задушува.“

„Вашиот поглед ќе стане јасен само кога ќе можете да погледнете во сопствената душа.“

„Јас не сум она што ми се случило, јас сум она што одлучив да бидам.“

„Можеби мислиме дека имаме целосна контрола над себе. Сепак, еден пријател може многу лесно да ни го каже за нас она што ние не го гледаме.“

„Здравиот човек не ги мачи другите. Оние што се измачувани, во принцип, се претвораат во мачители.“

„Тажната вистина е дека човечкиот живот, всушност, се состои од збир на непомирливи спротивности – ден и ноќ, раѓање и смрт, среќа и несреќа, добро и зло. Не сме ни сигурни дека едното ќе преовладува над другото, дека доброто ќе го победи злото или дека радоста ќе го потисне страдањето.“

„Нашата личност е дел од светот што нè опкружува, а неговата тајна е безграничната мудрост.“

Прочитајте ги овие 10 будистички цитати што можат да помогнат да ги преживеете овие времиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар