Цитати од класичната литература кои ќе ви помогнат да ги освоите сите љубители на книги

Тешко е да освоите некој што сака да чита книги. Секојдневните начини на додворување нема да пројдат кај нив. Тие веќе имаат прочитано секакви бесмислени романтични глупости и нивните очекувања во љубовта се големи. Но, не грижете се. Овие неколку цитати украдени директно од најголемите класици со сигурност ќе ја импресионираат вашата симпатија која никогаш не ја испушта книгата од раце…

Цитати од класичната литература кои ќе ви помогнат да ги освоите сите љубители на книги

„Единствениот начин да се ослободите од искушението е да му се препуштите.“ – Оскар Вајлд, „Сликата на Доријан Греј“

„Сакам да ти го направам она што пролетта им го прави на црешовите дрвја.“ – Пабло Неруда, „Дванаесет љубовни поеми и песна за очајот“

„Залудно се мачев. Нема повеќе. Моите чувства нема да бидат потиснати. Мораш да ми дозволиш да ти кажам колку страсно те љубам и те обожавам.“ – Џејн Остин, „Гордост и предрасуди“

„За момче кое не е толку пријатно за очи, имаш инстинкт на шампион.“ – Салман Ружди, „Маѓесничката од Фиренца“

„Ја чекав оваа шанса повеќе од половина век, да ти го повторам уште еднаш мојот завет за вечна верност и бесконечна љубов.“ – Габриел Гарсија Маркез „Љубов во време на колера“

„Бидете мирни кога немате што да кажете. Кога ќе ве обземе вистинска страст, кажете го она што имате да го кажете и кажете го тоа заводливо.“ – Д. Х. Лоренс, „Збирка на песни“

„Она што ги држи луѓето во светот заедно, колку што имам научено од моето горчливо искуство, е сексуалниот однос.“ – Хенри Милер, „Раков повратник“

„Ми продираш во душата. Јас сум половина агонија, половина надеж.“ – Џејн Остин, „Убедување“

Цитати од класичната литература кои ќе ви помогнат да ги освоите сите љубители на книги

„Вие мадам, сте неодолива. Ги проучувам вашите стапала со микроскоп и вашата душа со телескоп.“ – Виктор Иго, „Клетници“

„Ти и јас, чиниш нѐ учеле во рајот како да се бакнуваме и потоа нѐ пратиле заедно на Земјата за да видат дали сме го запаметиле она што сме го научиле.“ – Борис Пастернак, „Доктор Живаго“

„Дали те сакам? Ох, Боже! Да беше љубовта зрно песок, мојата ќе беше цел универзум од плажи.“ – Вилијам Голдман, „Принцезата невеста“

„Твоето име е како златно ѕвонче закачено во моето срце. Ќе си го скршам телото на парчиња само еднаш да можам да те наречам по име.“ – Питер С. Бигл, „Последниот еднорог“

„Мислам дека си добар, надарен, прекрасен. Во моето срце зачната е искрена страст. Таа оди по тебе, те повлекува во центарот и калемот на мојот живот, го обвива моето постоење околу тебе и со распламтена, чиста и моќна искра нѐ соединува мене и тебе и нѐ претвора во едно.“ – Шарлот Бронте, „Џејн Ејр“

„Ништо друго на светот не сакам толку многу колку што те сакам тебе, зар не е тоа чудно?“ – Вилијам Шекспир, „Многу врева за ништо“

„Бакни ме и ќе видиш колку ти значам.“ – Силвија Плат, „Нескратени дневници“

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар