Цитати на познатите дами што ќе ви откријат како да бидете сингл

Не е тајна дека да се биде сингл понекогаш може да биде вистински предизвик, особено ако неодамна сте раскинале. Ако сте во фаза по тешко раскинување и се прашувате дали ќе можете да им се вратите на состаноците и на запознавањето нови луѓе, важно е да знаете дека не сте сами. И покрај стравовите и сомнежите што ги имате сега, има многу позитивни работи на кои треба да им се радувате кога сте слободни. Овие цитати на познатите личности ќе ве потсетат зошто е толку убаво да бидете во таа фаза од животот.

Цитати на познатите дами што ќе ви откријат како да бидете сингл

„Во денешно време, да бидете жена постара од 32 години и да се забавувате, изгледа како мал политички чин. Под тоа не мислам на дрогирање и шиење затоа што никогаш не сум го направила тоа, туку да бидам луда, да излегувам и да правам што сакам, а не да седам дома и да чекам менопауза.“ – Кејт Бекинсејл

„Мене ми беше навистина забавно сама да одлучам како ќе го поминам своето време. Имав денови кога се разбудував и не морав да правам ништо друго освен она што го сакав. Тоа е нешто што го изгубив со текот на годините. Чувството да имам свое време беше новина за мене.“ – Ема Робертс

„Да се биде сингл порано значеше дека никој не ве сака. Сега тоа значи дека вие бирате со кого и каков ќе живот живеете.“ – Кери Бредшо

„Ако не сум добра кон себе, како можам да очекувам дека некој друг ќе биде добар кон мене?“ – Маја Анџело

„Љубовта на мојот живот се моите деца и мајка ми. Не чувствувам како да ми недостасува маж во животот.“ – Дајана Китон

„Бараме поврзаност, предвидливост и сигурност за цврсто да нè вкоренат. Но, имаме потреба и за промена, за неочекувано, за трансцендентност.“ – Естер Перел

„Времето и сингл животот ве тераат да го гледате светот појасно.“ – Карола Ловеринг

„Седев и ги запишував своите мисли, разговарав со „внатрешното дете“ кое сè уште се крие во мене. Напишав: Мојот живот е само мој. Тие зборови ме натераа да застанам и да заплачам. Оваа реченица изгледа толку очигледно, но сепак не е…“ – Трејси Елис Рос

„Вие сте вашата најдобра навивачка. Не можам да го нагласам тоа доволно.“ – Серена Вилијамс

„Никогаш не правете приоритет од никого ако вие сте само опција за него.“ – Маја Анџело

„Мислам дека не можете да бидете партнер каков што сакате сè додека не откриете што ви треба и додека не бидете комплетна личност сама со себе. Мислам дека тоа е нешто што сите жени заслужуваат да го знаат.“ – Софија Буш

Прочитајте ги овие инспиративни цитати што ќе ви дадат мотивација да соберете сила и да почнете од почеток.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар