Чудната причина поради која голем број жени се плашат да останат сами дома

Чудната причина поради која голем број жени се плашат да останат сами дома

Според една неодамнешна статија објавена на The Daily Mail, сè повеќе и повеќе жени се плашат да останат сами во својот дом. И покрај тоа што не станува збор за официјална фобија, голем број жени ги искусуваат истите симптоми како и кај другите добро познати фобии.

Чудната причина поради која голем број жени се плашат да останат сами дома

Ејми Керол, 39, која е мајка на едно дете, вели дека секогаш кога нејзиниот сопруг не е дома за време на ноќта таа оди кај нејзините родители кои живеат на само 20-тина минути од нив или ги поканува тие да дојдат во нејзиниот дом со цел таа да не биде сама. Ејми објаснува дека кога е сама се чувствува непријатно и параноично бидејќи постојано ѝ доаѓаат мисли дека некој ќе провали во нејзиниот дом.

Доколку направите едноставно пребарување на Гугл, ќе забележите дека постојат илјадници очајни жени кои не можат да останат сами во својот дом. Една жена го објаснува своето искуство на следниов начин:

„Втора вечер по ред сум без мојот сопруг и во моментов се плашам дека некој може да провали или пак, дека веќе се крие во мојот дом. Го проверив подрумот, тоалетите и сите простории долу, но немам храброст да се качам на другиот кат за да ги проверам спалните соби и поткровјето.“

Клиничкиот психолог Лаура Галбрејт вели дека жените самите се плашат со овие мисли дека некој ќе провали во нивниот дом.

„Ние живееме во индивидуалистички свет каде што сè помалку има чувство на заедница, па токму затоа и не ги знаеме нашите соседи што доведува до посилно развивање на овие стравови“, вели таа. „Но, иронијата е дека ризикот всушност е намален во модерните времиња.“

Една авторка, Ноел Хоуи, решила да напише нешто повеќе за своето искуство и целиот процес низ кој поминала борејќи се со овој страв.

„Првата ноќ беше пекол. Постојано се обидував да слушнам дали има некои звуци. Исто така ги преуредив објектите на масата со цел да формираат помалку застрашувачка сенка на таванот во спалната соба и малку се опуштив кога мојот син ми побара чаша вода. Тоа ми даде изговор да станам од кревет“, вели таа. „Но, поминав 3 вечери сама и ништо не случи. Со секоја нова вечер мојот страв сè повеќе се намалуваше и успеав да најдам начин како да уживам во чаша вино или разговор со мојот син.“

Д-р Катарин Ајивор-Најгард вели дека откако жените ќе почнат разумно да размислуваат за ризикот, тие се фокусираат на слободното време како на нешто позитивно.

„Испланирајте вечер која едвај ја чекате. Започнете да размислувате за тоа колку би било прекрасно конечно да ја прочитате книгата за која сте немале време или пак, згответе си вкусна вечера и наградете се со десерт. На овој начин вие нема да чувствувате толку голема анксиозност и ќе можете да ги насочите вашите мисли кон позитивната страна.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар