Честото будење во текот на ноќта го зголемува ризикот од Алцхајмерова болест

Честото будење во текот на ноќта го зголемува ризикот од Алцхајмерова болест

Денес милиони луѓе имаат проблеми со спиењето, а нивниот број само се зголемува. Сите можеме да ги почувствуваме последиците од лошото спиење, но исцрпеноста наредниот ден не е единственото нешто за коешто би требало да бидете загрижени.

Честото будење во текот на ноќта го зголемува ризикот од Алцхајмер

За потребите на едно истражување, испитаниците на почетокот добро се наспале, а потоа останале будни цели 36 часа. По само една ноќ без сон, научниците забележале зголемување на нивото на протеинот тау. Овој протеин нормално се наоѓа во мозокот, но луѓето склони на Алцхајмерова болест го имаат многу повеќе од просекот и се шири на поголема површина од мозокот. Со истражувањето се покажало дека поради недостатокот од спиење, протеинот се проширил и на деловите поврзани со сеќавањето, исто како кај луѓето со Алцхајмерова болест. Со ова се докажало дека не само непроспиените ноќи, туку и лошиот сон може да има влијание врз сеќавањето.

Во претходно истражување, научниците не ги терале испитаниците да останат будни, туку им го прекинувале спиењето, така што тие не можеле да потонат во длабок сон. Во текот на наредниот месец, испитаниците носеле мал монитор со кој им ја мереле мозочната активност во текот на спиењето. Се открило дека само една ноќ без спиење го зголемувала нивото на протеинот бета амилоид за 10%. И овој протеин е поврзан со појавата на Алцхајмеровата болест.

Во ова истражување се покажало дека нивото на протеинот тау се зголемило и кај луѓето кои не спиеле добро. Па не е важно само траењето на сонот, туку и неговиот квалитет.

Според Американското здружение за Алцхајмерова болест, дури 20% од жените и 30% од мажите страдаат од апнеа, најчестото нарушување во дишењето за време на спиење. Ова нарушување се разликува од вообичаеното будење во текот на ноќта. Луѓето кои имаат апнеа, можат да се разбудат и до 60 пати во текот на ноќта, но тие будења се прекратки за да ги регистрираат.

Друго истражување имало за цел да открие дали нарушувањето на дишењето во сонот го зголемува ризикот и брзата акумулацијата на бета амилоид и тау. Се покажало дека проблемот се јавува со ист интензитет, без разлика дали станува збор за личност без проблеми со помнењето, има благи когнитивни тешкотии или е во напредна фаза на Алцхајмерова болест. Поради ова, научниците истакнале дека е важно да одиме на спиење во исто време, но исто важно е да провериме и дали сонот е квалитетен или не. Некои од знаците кои укажуваат на апнеа се ‘рчење, надразнето грло наутро и недостаток од енергија. Доколку имате забележано нешто слично, најдобро е да разговарате со вашиот лекар.

Погледнете и кои се симптомите што се појавуваат во раната фаза од Алцхајмеровата болест.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар