Брачен пар ја фотографира својата венчавка по 70 години, а љубовта е сѐ уште видливо присутна

Во 1946 година, заљубените ученици Ферис и Маргарет Ромер стапиле во брак. За жал, никој немал камера, па тие не успеале да сочуваат ниту еден од прекрасните свадбени моменти. Сега, цели 70 години подоцна, нивната внука Аманда организирала фотосесија за да направат свадбени фотографии, за што во минатото не биле во можност.

Брачен пар ја фотографира својата венчавка по одминати 70 години, а љубовта е сѐ уште присутна

Маргарет, која сега има 89 години, носи фустан со боја на лаванда, а и превез, додека пак Ферис, кој има 90 години, изгледа прекрасно во неговиот костум. Прекрасниот брачен пар бил фотографиран од страна на фотографот Лара Картер.

„Можете да ја видите љубовта помеѓу нив на начинот на кој тие комуницираа еден со друг и се смееја заедно, како што заземаа различни пози“, изјавила Лара. „Тие се прекрасен пример за тоа како треба да изгледа бракот.“

Брачен пар ја фотографира својата венчавка по одминати 70 години, а љубовта е сѐ уште присутна

Погледнете ја галеријата и видете дел од овие прекрасни свадбени моменти.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар