Бидете сами свој психолог: Поставете си ги овие прашања

Кога сакате да го проверите физичкото здравје, честопати одите на лекар, кога сакате да ја проверите стоматолошката состојба, одите на стоматолог. Но, како ги проверувате вашата ментална состојба и целокупната среќа во вашиот живот? Многумина не се одлучуваат за психолог или психијатар затоа што мислат дека можат сами да го решат својот проблем. Она што можете да го направите е да си ги поставите овие осум прашања:

Бидете сами свој психолог: Поставете си ги овие прашања

1. Какво е вашето расположение, колку сте среќни?

Животот се состои од успеси и падови. Лошиот ден на работа во комбинација со ненадејна криза – болно дете или расправија со партнерот, може да ги направи овие непријатни денови неподносливи. Но, во целина, во секојдневниот живот, како сте? На скала од 1 до 10, како би го оцениле просечниот ден?

Ако е под 5 или 6, постои ли нешто што може да го промени вашето секојдневие? Што е потребно за да стигнете до 8 или 9?

2. Дали би сакале уште еднаш да го преживеете овој ден?

Ако не, зошто? Што недостасува? Што треба да направите за да бидете повеќе проактивни?

3. Дали постојат проблеми што ви го уништуваат животот и што не можете да ги решите?

Честопати ве мачат хронични проблеми како физичка или психичка болка, нерешени проблеми и сл. и тие можат да продолжат со години. Што треба да направите за конечно да се ослободите од нив?

4. Дали сте блиски со некого?

Тоа не мора да биде партнерот, не мора да има врска со сексот, иако може. Она што е важно е да имате врска со некого – партнер или пријател со кого ќе се чувствувате безбедно, кој мислите дека ве познава, со кого можете да водите подлабоки разговори. Дали треба да направите нешто за да ги продлабочите односите и да создадете поинтимни врски?

5. Дали вашите интимни односи се балансирани?

Иако безбедноста е суштинска во секоја блиска врска, исто така е и рамнотежата. Односите што не се балансирани, на крајот се распаѓаат. Откривате дека секогаш правите повеќе од другиот, дека не добивате доволно внимание и дека страдате. Од друга страна, можеби ќе почувствувате дека другите го водат вашиот живот, дека немате глас или контрола.

Дали вашите интимни односи се балансирани? Ако не, зошто е тоа така? Дали има нешто што треба да направите за да ги балансирате?

6. Дали се чувствувате исполнето на работа?

За некои, работата е само работа што ја прават за да заработат пари за да можат да направат и други важни работи во своите животи. За други, работата значи кариера, дел од својот идентитет. Дали ја сакате вашата работа? Ако не, што треба да промените за да го подобрите работниот ден? Да ја промените работата?

7. Дали имате какви било идни цели што ви создаваат страст и причина за радост?

Гледајќи се себеси за 3, 5, 10 или 20 години, што предвидувате? Ова е тешко прашање за многумина. Во какви соништа за иднината треба да верувате и дали сакате да ги остварите?

8. Што е на вашата листа на желби?

Што сакате да избегнете за да не се каете подоцна? За разлика од секое друго суштество на планетата, имате избор. Дури и ако мислите дека немате контрола, дури и ако мислите дека вашите избори се ограничени, сепак треба да донесете одлуки, иако на моменти тоа може да изгледа невозможно.

Овие 8 места во светот можат да ја подобрат вашата физичка и ментална добросостојба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар