Бабина поучна приказна што решава љубовни дилеми: Немој да бидеш кукавица и не сакај кукавици!

Неодамна на Фејсбук се рашири приказна споделена од страна на Марина Радош, 26-годишна новинарка, поет и писателка. Поради непроценливата порака што ја има, никој не може да остане рамнодушен. Таа ќе ви ја открие величествената природа и леснотија на една љубов и нема да успеете, а да не се запрашате зошто денес ја комплицираме толку едноставната и убава работа како што е љубовта. И зошто денес има сè помалку вистинска љубов?

babina-pouchna-prikazna-shto-reshava-ljubovni-dilemi-nemoj-da-bidesh-kukavica-i-ne-sakaj-kukavici-www.kafepauza.mk_

Мојата пратетка Зорка на крајот од педесеттите години од минатиот век фатално се заљубила во момче од соседното село. Таа била во мој фазон – за љубовта давам сè, ја напуштам традицијата, обичаите, соседите и роднините.

Во сплет со тогашните несреќни околности тој морал да побегне во Австралија. Тој ѝ кажал: „Зорка заминувам, ќе се вратам по тебе, чекај ме, немој да се омажиш, немој да му раѓаш деца на друг.“

Зорка ладно одговорила: „Јас ќе дојдам со тебе!“

Мојата пратетка ми го раскажа ова пред неколку години, но случајно се сетив вечерва и во главата ми се врати филмот за мојот последен љубовен состанок. Имам 25 години, мобилен, Вајбер, Фејсбук, Ватсап и сите останати чуда кои овозможуваат јас и мојот партнер да се договориме кога, што и како. И се договараме цел ден, каде ќе одиме, што ќе правиме, што тој ќе облече за да не се случи како минатиот пат (тој во тренерки, а јас во фустан) и сите останати болки кои го мачат денешниот свет. Но, тоа не е поентата на оваа приказна.

Тетка ми Зорка имала 17 години. Таа бил полуписмена девојка од село. Ги собрала оние малку работи што ги имала, па пешки заминала до градот, па оттаму со автобус, па со воз, па со брод, патувала три месеци. Без мобилен, без Вајбер. Без Фејсбук. Без прецизен договор. Таа едноставно рекла дека ќе дојде, а тој едноставно ѝ рекол дека ќе ја чека таму.

Неписменост. Селанска облека. Автобус. Воз. Брод и отворено море во текот на три месеци.

И потоа биле заедно скоро 60 години.

Тој едноставно ја чекал, и таа едноставно отишла по него.

Дали таквата луда љубов изумре? Што ни се случува? Кој ги комплицира нашите животи?

Зошто завршуваме во бракови без љубов, а денес во раце го држиме целиот свет?

Зошто завршуваме во љубовни врски каде што љубовта само се бара, во која само се обидуваме да засакаме некого?

Зошто остануваме со оние кои нè газат и изневеруваат? Зошто лажеме за нашите плодни и неплодни денови? Зошто правиме деца за да го/ја задржиме момчето/девојката?

Зошто ги оставаме оние што ги сакаме затоа што во синџирот на исхрана се под нас?

Зошто ги понижуваме оние кои нè сакаат нас?

И главното прашање, кое овие денови и особено оваа ноќ, не ми излегува од глава:

Зошто денеска кога имаме мобилен телефон, Вајбер, Фејсбук, автомобил, пари за автобуска карта, слободно движење и слободни викенди, ние немаме храброст да заминеме таму каде што сакаме? Зошто немаме храброст да оставиме сè што имаме за љубовта, и зошто никогаш не сме сигурни дека таа љубов навистина нè чека?

Немам поим.

Но, знам дека вака светот е едно грдо место само затоа што почесто немаме храброст да кажеме некому: „Чекај ме, ќе дојдам по тебе!“ Затоа што немаме храброст ниту да чекаме ниту да отидеме.

Ви гарантирам со сопствениот живот, светот е ужасно место затоа што луѓето повеќе немаат храброст за луда љубов.

Долго ја немам видено пратетка ми Зорка, но добро го памтам она што ми го кажа тогаш на крајот од приказната:

„Сине, во сè е дозволено да бидеш кукавица, освен во љубовта. Немој да бидеш кукавица во љубовта, и никогаш не сакај кукавици.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. *** Reply

    Veruvaj mi i denes postoi 🙂 bevme zaedno dva meseci, Pa pola godina ne go vidov,potoa zaminav kaj nego( vo druga zemja )bevme zaedno ne poln mesec ,a sega mi e soprug.iako site bea protiv nie uspeavme.

    • Anonymous Reply

      Bravo za vas 🙂 sekoja cest

  2. emilija nestoroska Reply

    ubavi bas

  3. Vesna Reply

    Na 50 godini posle dve viduvanja i tri meseca dopisuvanje zaminav mnooooogu daleku, druga drzava, jazik, obicai… Veke 6 godini sme vencani i ziveeme vo mnogu ubav brak

Остави коментар