Ако сте најстари од вашите братучеди, сигурно ќе се пронајдете во овие 8 ситуации!

Ако сте најстари од вашите братучеди, сигурно ќе се пронајдете во овие 8 ситуации!

Братучедите се незаменливи пријатели. Со нив растете, се забавувате и продолжувате да си помагате до крајот на својот живот. Токму затоа и тие се толку посебни. Но, меѓу сите нив, има по една личност во семејството што се издвојува од останатите – најстариот братучед! Ако вие сте ова личност, тогаш сигурно ќе се пронајдете во следниве неколку ситуации…

1. Вие сте модел на однесување

Постои голем притисок да се биде најстар/а, бидејќи вие сте оние што го поставуваат примерот за сите останати. Исто така, вие ги преземате сите одговорности како шампиони. Знаете дека помладите братучеди го следат вашиот модел на однесување па затоа и сакате да им поставите добар пример.

2. Вие ги правите сите планови

Како најодговорните во вашето семејство братучеди, вие сте оние што ги прават сите планови. Додека сте растеле, вие се одлучувале што ќе правите кога сте во посета на вашата баба. Денес, вие сте тие што пишувате групна порака до сите и им закажувате време и место за да се видите и да си поразговарате.

3. Сте биле медијатори кога нештата оделе во погрешна насока

Одвреме-навреме се појавувале караници меѓу вашите помлади братучеди, но вие експертски сте се справувале со нив. Најдоброто нешто е што вашите братучеди отсекогаш верувале во вашето размислување, па затоа и тие толку внимателно ве слушале.

4. Вашиот збор бил последен за игрите што сте ги играле

Додека сте растеле, вие сте биле оние што одлучувале која игра сите ќе ја играат. Дури и самите сте ги измислувале правилата. И без разлика на предлозите, вашите братучеди биле и повеќе од среќни да го прават она што вам ви било желба бидејќи сте најстари и главни меѓу нив!

5. Честопати сте биле и беби-ситери

Постарите се оние што природно треба да се грижат за помладите. И вам не ви било проблем да ја прифатите оваа одговорност, бидејќи отсекогаш ви било забавно да имате авторитет. Тоа што можеби ви пречело е што никој не ве плаќал за оваа работа. Сепак, кога сега размислувате, најголемата исплата што сте ја добиле е времето поминато со вашите сакани братучеди.

6. Вие сте првите што биле префрлени на масата за возрасни за време на празниците

Маса за возрасни и маса за деца – ова е правило што сите семејства го следат за време на празниците. Но, кога сте станале доволно „зрели“ за разговорите на „постарите“, вие веднаш сте поминале на нивната маса, притоа размислувајќи постојано за што ли разговараат вашите помлади братучеди.

7. Сите секогаш бараат совети од вас

Како најстариот братучед со најголемо животно искуство, вие сте оние што секогаш нудат најдобри совети. Вашите помлади братучеди постојано барале од вас најразлични совети, започнувајќи од домашни задачи, па сè до нанесување шминка. Денес пак, најчесто советите се насочени во областа на љубовта и состанувањето.

8. Вие сте биле мост помеѓу возрасните и децата

Вие постојано сте стоеле на овој мост, пренесувајќи пораки во двете насоки. И без разлика колку збунувачко може да им изгледа на помладите, ви всушност сте уживале и на двете страни.

Прочитајте ги и овие 11 работи што ќе ги разберете само ако братучедите ви се најдобри пријатели.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар