Ако опсесивно го проверувате вашиот профил на Фејсбук, тогаш можеби страдате од…

Како ви звучи ова? Вие постојано сте на вашиот Фејсбук профил и го проверувате од компјутер, таблет и мобилен, дури и кога нема ништо фасцинантно на него. Едноставно како нешто да ве тера да го направите тоа.

Ако опсесивно го проверувате вашиот профил на Фејсбук, тогаш можеби страдате од...

Според една нова студија од истражувачите при Универзитетот во Калифорнија, се открило дека оние кои имаат недостаток на сон, покрај силното влијание врз нивното расположение и продуктивност, тие почесто се впуштаат во онлајн активности, како опсесивно проверување на објавите споделени на Фејсбук.

„Кога спиете помалку, вие сте многу посклони на одвлекување на вниманието“, вели водечкиот истражувач на оваа студија, Глорија Марк. „А кога вниманието ви е одвлечено, што правите? Веднаш се насочувате кон Фејсбук. Тој е лесен и едноставен, а вие сте уморни.“

Недостатокот на сон е екстремно сериозна состојба која може да води до повреди на работното место и сообраќајни несреќи предизвикани од луѓе кои заспиваат зад волан. За студијата, Марк и нејзините колеги собирале податоци од 76 студенти (34 мажи и 42 жени) во период од 7 дена за време на пролетниот семестар во 2014 година. Студијата ги зела во предвид и факторите како полот, годините, насоката и крајните рокови на студентите, додека се потпирала на сензорите за објективно да го анализира нивното однесување, активностите и нивото на стрес.

Компјутерите и смартфоните на испитаниците биле опремени со софтвер кој им овозможувал на научниците да се вклучат од далеку, како и временски печати кои забележувале секој пат кога субјектите ќе се префрлеле од една апликација кон друга, како и кога тие се јавувале или праќале пораки.

Резултатите биле алармантни, покажувајќи ни дека константното проверување на Фејсбук во текот на денот е директно поврзано со хроничната ненаспаност, бидејќи оние кои не спиеле доволно навечер поминувале многу повеќе време на Фејсбук во текот на денот.

„Постојат многу студии кои ни покажуваат како технологијата за информации влијае врз сонот. Ние го направивме токму спротивното и погледнавме како траењето на сонот влијае врз користењето на информатичката технологија“, вели Марк.

Па, можеби е време да престанете да го проверувате толку често вашиот профил на Фејсбук. Ви ветуваме дека нема да пропуштите ништо. Но, дефинитивно можеби би се наспале подобро.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар