9-те најинспиративни видеа на Јутјуб

Од неговото основање во 2005-та година, Јутјуб стана дом за видео материјалите во дигиталната ера. На овој веб-сајт можете да најдете секаква содржина, вклучувајќи и дел од најпознатите мотивациони говори и видеа на сите времиња.

9-те најинспиративни видеа на Јутјуб

Без разлика дали ви е потребна малку утринска инспирација, или минувате низ тежок период од вашиот живот и потребна ви е инспирација да продолжите понатаму, овие видеа ќе ви го дадат тоа.

1. „Дали само барате изговори?“ (Are You Just Making Excuses?)

Класичната реклама на Најк со познатиот Мајкл Џордан раскажува моќна приказна. Ги гледаме најуспешните луѓе на светот и мислиме дека се родиле такви. Но овој успех ги чинел часови напорна работа, жртви и долгорочна посветеност на нивните цели.

2. „Овие 3 реченици ќе ви го променат животот“ (Тhese 3 Sentences Will Change Your Life)

Говорот на тренерот за самоподобрување, Лиса Николс, е за сознавање на вашата вредност. Како што ќе видите и самите, таа добро знае што значи да дозволите некому да ви го диктира животот. Но таа го надминала тоа и направила нешто неверојатно од нејзиното минато, а нејзината приказна ќе ви помогне да го направите истото.

3. „Сон“ (Dream)

Ова е првото од двете видеа на Матеусз М на оваа листа, кој е познат по правењето на некои од најневеројатните инспиративни видеа на денешницата. Ова видео ќе ве потсети на вредноста на вашиот сон. Ќе ве потсети дека е тешко, но возможно доколку навистина вложите во него.

4. „Еве што се наоѓа на другиот крај од стравот“ (Here’s What Lies on the Other Side of Fear)

Говорот на Вил Смит раскажува што се случува кога ќе го наминеме стравот. Потенцијалот, среќата и значењето ќе ги најдете само кога ќе се надминете за нешто поголемо. Стравот е господар на многумина од нас и нè тера да живееме живот кој е помалку од она што сме го замислувале како деца. Но вие сте способни и во вас постои потенцијал да го надминете стравот.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар