9 работи што треба да ги знаете за стравот

9 работи што треба да ги знаете за стравот

По дефиниција, стравот е непријатна емоција предизвикана од помислата дека некој или нешто е опасно и претставува закана или може да нанесе болка. Луѓето најчесто не уживаат во стравот, бидејќи дефинитивно не станува збор за ништо смешно. Понекогаш стравот е толку силен што може целосно да ве обземе. Меѓутоа, бестрашните луѓе не се ослободуваат целосно од стравот, туку го прифаќаат и продолжуваат понатаму. Само затоа што се плашите од нешто, не значи дека не можете да го надминете стравот. Прочитајте ги следниве неколку работи што треба да ги знаете за стравот…

9 работи што треба да ги знаете за стравот

1. Сите се плашиме од нешто

Ниту еден човек на светов не е имун на стравот. Иако постојат луѓе кои негираат дека се плашат од нешто, верувајте дека лажат.

2. Колку повеќе го чувствувате стравот толку повеќе се влошуваат работите

Тоа не значи дека треба да ги потиснувате вашите емоции, но треба да се обидете да ги контролирате. Мора да останете прибрани, дури и во најстрашните ситуации.

3. Сите стравови се различни и подеднакво страшни

Сите луѓе имаат различни стравови, но тоа не значи дека вашиот е полош од нивниот и обратно. Сите стравови се вистински и треба да им се даде подеднакво значење.

4. Стравот се учи

Стравот може да се пренесе генетски, но најчесто се учи. На пример, ако паднете од мост или доживеете сообраќајна несреќа, најверојатно ќе се плашите од вода или автомобили поради тоа.

5. Соочувањето со вашите стравови навистина ќе ви помогне

Ако се соочите со вашиот страв, тоа значи дека сте еден чекор поблиску кон неговото совладување. Страшно е, но обидете се да го погледнете стравот во очи и да му се спротивставите. Ваквиот став ќе направи чуда за вас!

6. Стравот може да ја измести реалноста

Стравот буквално може да ја измести реалноста. На пример, доколку сте клаустрофобични, ако останете затворени во мала просторија, просторијата ќе ви изгледа многу помала одошто навистина е.

7. Стравот може да доведе до развој

Кога се плашиме од нешто, тоа значи дека имаме можност за развој. Стравот ни дава шанса да работиме на себе и да станеме подобри. Стравот не е секогаш негативна работа.

8. Нештата никогаш не се толку лоши колку што изгледаат

Само затоа што сѐ ви се чини за никаде и се чувствувате лошо, не значи дека тоа е навистина така во реалноста. Ништо не е толку лошо колку што се чини. Можете да ја најдете позитивната страна на сите нешта во животот.

9. Можете да ги совладате вашите стравови

Кога ќе станете свесни за вашите стравови, можете да се обидете да ги надминете. Не треба да вложите многу труд за да се соочите со нив, а ако успеете да го сторите тоа, ќе можете и да ги победите. Не заборавајте дека стравот ве спречува да го остварите вашиот вистински потенцијал.

Доколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте за 13-те инстинктивни стравови кај луѓето и причините зад нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар