9 неверојатни историски предвидувања што навистина се оствариле

9 неверојатни историски предвидувања што навистина се оствариле

Што имаат заедничко слетувањето на месечината, кредитните картички и Wi-Fi мрежата? Сите тие биле предвидени од големи мислители повеќе од еден век пред да се појават. Погледнете некои од најпознатите и најчудните предвидувања што навистина се оствариле.

1. Никола Тесла ја предвидел појавата на Wi-Fi мрежата и мобилните телефони во 1909

Business man and woman text messaging

Речиси 60 години пред првиот мобилен телефон, и 90 години пред претставувањето на Wi-Fi мрежата, Никола Тесла, талентираниот електроинженер, и десна рака на Томас Едисон, им кажал на Њујорк Тајмс:

„Наскоро ќе биде возможно да се пренесуваат пораки безжично низ целиот свет, со толку едноставен уред што секоја личност ќе може да го носи и да управува со него.“

2. Жил Верн го замислил слетувањето на месечината во 1865

Footprint

Речиси цел век пред Нил Армстронг да го направи „големиот чекор за човештвото“, авторот на научна фантастика, Жил Верн, напишал книга за двајца луѓе кои слетале на месечината така што биле „испукани“ од топ. Станува збор за книгата „Од Земјата до месечината“ (From Earth to the Moon). Интересно е што Верн го сместил полетувањето во Флорида, каде што денес се наоѓа вселенскиот центар Кенеди.

3. Реј Бредбери ги предвидел слушалките во 1953

(3)9-neverojatni-istoriski-predviduvanja-koi-se-ostvarile-kafepauza.mk

Во еден поетски пасус од „Фаренхајт 451“, Реј Бредбери ги опишал слушалките на овој начин:

„И во нејзините уши мали школки, и електричен океан од звуци, музика и разговор и музика и разговор што доаѓа, доаѓа на брегот на нејзиниот разбуден ум.“

4. Нострадамус го предвидел големиот пожар во Лондон во 1666

(4)9-neverojatni-istoriski-predviduvanja-koi-se-ostvarile-kafepauza.mk

Францускиот аптекар Нострадамус објавил неколку колекции од пророштва во текот на неговиот живот, предвидувајќи, некогаш двосмислено, светски настани како смртта на Хенри Втори и владеењето на Хитлер. Едно од најексплицитните пророштва е она за пожарот во Лондон. Нострадамус напишал:

„Крвта на праведните ќе недостасува во Лондон
Изгорена во огнот во 66-та
Древната Дама ќе падне од нејзиното високо место,
Многу од истиот дел ќе бидат убиени.“

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар