8 ретки винтиџ фотографии кои ја покажуваат бруталноста на зимата во минатото

Дали ви пречат ниските температури? Тогаш дозволете им на овие зимски фотографии да направат да ви биде мило што сте се родиле во 21-виот век. Зимите во минатото биле многу посурови од денешните.

1. Чистење снег во автомобилот

8 ретки винтиџ фотографии кои ја покажуваат бруталноста на зимата во минатото

Оваа фотографија е направена во 1917 година во Њујорк. Автомобилите сè уште немале прозорци, па чистењето на снегот било и однадвор но и однатре.

2. Чистење на мразот

8 ретки винтиџ фотографии кои ја покажуваат бруталноста на зимата во минатото

Момчињата на фотографијата која е направена помеѓу 1909 и 1932 година го чистат снегот од мраз пред да се лизгаат на него. За чистење поголеми површини, луѓето користеле трактори кои влечеле лопати за снег. Откако тестирал неколку прототипови, Френк Џ. Замбони ја патентирал машината за чистење снег во 1953 година.

3. Немало вонредна состојба за снежни денови

8 ретки винтиџ фотографии кои ја покажуваат бруталноста на зимата во минатото

Кај нас можеби ретко се случува, но во некои држави редовно објавуваат вонредна состојба за снежни денови. Тоа значи откажување на училиштето поради паднатиот снег. Но овие ученици од Алјаска фотографирани во 1910-та година го немале овој луксуз.

4. Кревет за студено време

8 ретки винтиџ фотографии кои ја покажуваат бруталноста на зимата во минатото

На оваа фотографија од 1927-ма година е прикажан електричен кревет без ќебе. Креветот е создаден од Милтон Ферчајлд од Вашингтон, и целта на направата е да ја стопли личноста без ќебиња. Производот не се прославил многу најверојатно бидејќи луѓето баш и не сакаат да спијат во кутии.

5. Застрашувачки училиштен превоз

8 ретки винтиџ фотографии кои ја покажуваат бруталноста на зимата во минатото

Заборавете ги автомобилите со греење на седиштата. Во 1936-та година, кога е направена оваа фотографија, учениците патувале до училиште во кабина монтирана на санка. Патувањето траело и до 2 часа во еден правец, и тие стигнувале само ако не се запалела кабината. Ја загревале со печка на дрва.

6. Несоодветна зимска опрема

8 ретки винтиџ фотографии кои ја покажуваат бруталноста на зимата во минатото

Денес кога е студено облекуваме што е можно подебела облека, и тоа во неколку слоеви. Девојчето на фотографијата од 1909 година е облечено како за на пролетна прошетка. Таа била победник на зимскиот карневал во Њујорк.

7. Нема фрижидери

8 ретки винтиџ фотографии кои ја покажуваат бруталноста на зимата во минатото

Во минатото, ако сте сакале да јадете разни продукти во зима, најчесто би ги купиле во тегла. Ова бил најевтиниот начин да се зачуваат, но често постоел ризик да се рушат преполните полици. Фрижидерите не се користеле толку многу сè до крајот на Втората светска војна. Во 1939-та година, кога е направена оваа фотографија, обичниот фрижидер чинел околу 4.000 денешни евра.

8. Работење на суровиот студ

8 ретки винтиџ фотографии кои ја покажуваат бруталноста на зимата во минатото

Овие денови најновите информации ги добиваме од нашите компјутери и смартфони. Дури не треба да го напуштиме ни креветот. Но порано постоеле момчиња кои разнесувале весници секој ден, дури и кога било навистина студено. На оваа фотографија од 1909-та година, најмладото момче имало 8 години и 3-годишно работно искуство.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар