8 одлични места кои треба да ги посетите ако сте во Амстердам!

8 одлични места кои треба да ги посетите ако сте во Амстердам!

Ако сакате да ја пропатувате Европа за време на празниците, тогаш Амстердам треба да ви биде меѓу првите градови на листата. Иако некако потценет помеѓу великаните како Париз и Лондон, Амстердам сепак има што да понуди. Прекрасни канали, архитектура која го одзема здивот и неверојатна уметност се само дел од причините зошто треба да го посетите.

Само ако го посетите ќе сфатите дека тој не е воопшто како другите европски градови. Има повеќе велосипеди отколку луѓе, интересни кафулиња и уникатно место со тесни домови наредени во линија, но сепак клучот на шармот на Амстердам се состои во неговите корени од Златната ера на 17-тиот век и модерниот спој на културата и традицијата. Ако ве убедивме да заминете за Амстердам, еве што треба да посетите.

1. Цветниот пазар

1-8-odlichni-mesta-koi-treba-da-gi-posetite-ako-ste-vo-amsterdam-kafepauza.mk

Познатиот цветен маркет се наоѓа помеѓу каналот Сингел и останатите внатрешни канали. Тој нуди огромен избор на најдобрите и најпознатите лалиња како и други цвеќиња кои ги има во Холандија. Цвеќињата се свежо набрани и тие им се достапни на посетителите кои сакаат да го помирисаат Амстердам.

2. Тура по каналите

2-8-odlichni-mesta-koi-treba-da-gi-posetite-ako-ste-vo-amsterdam-kafepauza.mk

Амстердам е град кој е направен на мрежа од канали, па затоа не треба да пропуштите да го истражите. Турите започнуваат од различни познати туристички атракции како дистриктот Ред Лајт или спомен-куќата на Ана Франк. Во зависност од времето, може да изберете отворен брод или некоја полуксузна варијанта која служи вечера и пијалаци. Без разлика што ќе изберете, пејзажите на зајдисонце се нешто што не би сакале да го пропуштите.

3. Куќата на Ана Франк

3-8-odlichni-mesta-koi-treba-da-gi-posetite-ako-ste-vo-amsterdam-kafepauza.mk

Иако не е баш најинтересната активност што може да се прави во Амстердам, сепак милион луѓе се спремни да чекаат за да прошетаат низ празните соби кои порано биле дом на Ана Франк и нејзината фамилија, како и на црвениот дневник кој го криела од нацистите. Оваа прошетка ќе ви биде значајна затоа што ќе научите нешто повеќе за трагедијата на Втората светска војна и болното срцепарателно искуство на една млада дама со малку надеж дека вакво нешто никогаш нема да се повтори.

4. Пределот на богатите луѓе

4-8-odlichni-mesta-koi-treba-da-gi-posetite-ako-ste-vo-amsterdam-kafepauza.mk

Уште познат под името Златен предел, ова е најпрестижниот дел од Амстердам кој се наоѓа во близина на каналот Херенграхт. Додека голем дел од градот е познат по високите тесни домови, Златниот предел им дозволил на своите богати потстанари да изградат многу пошироки градби (а голем дел од нив имаат и градини во задниот дел). Ако сакате да го истражувате овој дел како локален жител, тогаш изнајмете велосипед и возете се по патеките наменети за велосипедисти.

5. Каналот на седумте мостови

5-8-odlichni-mesta-koi-treba-da-gi-posetite-ako-ste-vo-amsterdam-kafepauza.mk

На крајот од Златниот предел се наоѓа каналот Рeгулирсграхт кој е една од главните туристички атракции на градот. Посетете го на квечерина за да имате можност да видите како се вклучуваат сијалиците на сите 7 мостови. Потоа можете да вечерате во некое од кафулињата или рестораните во близина. Исто, ние ви го препорачуваме и Брун кафе – традиционален холандски паб во кој се судираат вкусот на Амстердам и холандската култура.

6. Музејот Ван Лун

6-8-odlichni-mesta-koi-treba-da-gi-posetite-ako-ste-vo-amsterdam-kafepauza.mk

Иако многу помалку популарен отколку музејот Ријк и музејот Ван Гог, Ван Лун е неверојатно зачуван во куќата Гранд Канал. Сѐ уште во сопственост на фамилијата Ван Лун (кои повремено одржуваат забави во трпезаријата), секоја соба нуди уникатен увид во историјата и стилот на холандската аристократија.

7. Музејот Ријк

7-8-odlichni-mesta-koi-treba-da-gi-posetite-ako-ste-vo-amsterdam-kafepauza.mk

Ова е најпознатиот национален музеј во Холандија кој е дом на дела од Рембрант, Вермер и Ван Гог. Барем неколку часа дозволете си да заскитате по ходниците и да ја воспримите холандската уметност. Не ја пропуштајте библиотеката лоцирана во внатрешноста на музејот – една од најголемите библиотеки на уметничката историја скриена во едно ќоше.

8. Вонделпарк

8-8-odlichni-mesta-koi-treba-da-gi-posetite-ako-ste-vo-amsterdam-kafepauza.mk

Холандскиот Централ Парк, Вонделпарк, се наоѓа јужно од музејот Ријк и центарот на градот. Подгответе пикник и најдете тивко место помеѓу скапите градини, вирчиња и лединки за да уживате во погледот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар