8 навики што може да им откријат многу работи за вас на странците

По многу тестови и многу извештаи, истражувачите забележале некои врски помеѓу навиките и одликите на личноста. Поточно, начинот на кој ја носите чантата или начинот на кој ја поставувате ролната тоалетна хартија може да каже малку повеќе за карактерот отколку што мислите. Всушност, можете да донесете заклучок за некого заснован врз неговите секојдневни навики.

1. Начинот на кој обично ја носите чантата

8 навики што може да им откријат многу работи за вас на странците

Во едно интервју, еден експерт за говорот на телото споделил дека начинот на кој обично ја носите чантата може да открие некои интересни работи за вас.

  • Ако чантата ви виси на лактот со свиткана рака: Ова обично значи дека сте деловна жена. Прикажува доверба, а кралиците често ги носат чантите вака.
  • Ако ја држите чантата под рака како зграпчена: Ова значи дека сте опуштени и не сте премногу загрижени за вашиот изглед.
  • Ако ја обесувате преку рамото: Не чувствувате потреба да криете нешто. Исто така, ова е практичен начин на носење на чантата.
  • Ако ја држите чантата за рачките: Ова може да открие дека не сте сигурни во себе затоа што не е најпрактичен начин за носење чанта.

Експертот за говор на телото додава дека овие сигнали не се секогаш точни за секого и не се секогаш доследни. Сепак, откриваат дали жената ја носи чантата на одреден начин многу често како навика.

2. Начинот на поставување на тоалетната хартија

8 навики што може да им откријат многу работи за вас на странците

Начинот на кој ја закачувате ролната тоалетна хартија е важен затоа што открива дали сакате да ги контролирате другите или сте опуштена личност. Лекарот тестирал 2.000 мажи и жени и открил дека оние кои ја местат тоалетната хартија „над“ се подоминантни, а луѓето што ја местат тоалетната хартија „под“ се покорни.

3. Начинот на кој правите селфи

8 навики што може да им откријат многу работи за вас на странците

Истражувачите откриле и некои модели на однесување во начинот на кој се прави селфи. Како што се испостави, дружељубивите луѓе се фотографираат одоздола, а посовесните луѓе ретко го покажуваат приватниот простор во позадина.

Личностите кои се отворени за нови искуства покажуваат позитивни емоции што се поизразени, а вознемирените луѓе имаат тенденција да се сликаат со напрчени усни.

4. Начинот на одење

8 навики што може да им откријат многу работи за вас на странците

Експертите за говорот на телото забележале поврзаност помеѓу вашиот начин на одење и вашиот карактер. Луѓето со наведнати рамена се склони да бидат тажни, а тие што се среќни потскокнуваат додека се движат.

Исто така, начинот на одење може да послужи како знак за ранливост. Истражувачите сугерираат дека можете да откриете ранлива личност од нејзиниот начин на одење. Кога ќе ја навалите главата, тоа може да покаже дека сте чувствителни и слаби во моментот.

5. Вашето ракување

8 навики што може да им откријат многу работи за вас на странците

Ракувањето на една личност може да биде поврзано со некои аспекти на нејзиниот карактер, како што покажа истражувањето. Луѓето што се ракуваат цврсто се повеќе екстровертни, па затоа се поотворени за нови искуства. Исто така, тие се помалку невротични и срамежливи од оние што се ракуваат млитаво.

6. Времето што го поминувате на вашиот телефон

8 навики што може да им откријат многу работи за вас на странците

Научниците забележале поврзаност помеѓу зависноста на човекот од неговиот мобилен телефон и неговата емоционална стабилност. За време на истражувањето, од учесниците било побарано да оценат неколку изјави, како што се: „Поминувам повеќе време отколку што треба на мојот мобилен телефон“ и „се вознемирувам кога мојот мобилен телефон не е во близина“.

Резултатите откриле дека луѓето кои биле зависни од своите телефони и поминувале многу време на социјалните мрежи имаат тенденција да бидат повознемирени и невротични.

7. Вашата точност

8 навики што може да им откријат многу работи за вас на странците

Точноста е фактор што многу се цени на работното место. Истражувањето открило дека луѓето кои доцнат на работа или порано си заминуваат од работата може да имаат помала мотивација. Истото може да се каже и за спротивното – ако сте секогаш на време, имате добра мотивација. Но, важно е да ги натерате луѓето да си заминуваат кога ќе заврши работното време затоа што ако останат подолго може да се чувствуваат истоштени.

8. Вашите знаци на нервоза

8 навики што може да им откријат многу работи за вас на странците

Научниците ги снимале луѓето за време на разни ситуации и ги гледале нивните реакции. Резултатите покажале дека перфекционистите почесто поокажуваат знаци на стрес, фрустрација и досада.

Ова може да биде така затоа што перфекционистите повеќе сакаат да прават нешто отколку да не прават ништо.

Прочитајте што открива вашата елка за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар