8 мали нешта што можете да ги направите за да им помогнете на пчелите да преживеат

Пчелите се столбот на околината каква што ни е позната денес и им помагаат на животните и растенијата со разнесување полен. Над 20.000 видови пчели ширум светот се најважната група разнесувачи на полен за дивите и одгледуваните растенија. Можеме да им се заблагодариме на пчелите за продукти како компири, мандарини, јаболка и слично. Еден од три залаци што ги ставате во уста, имаат придобивки од разнесувањето полен од страна на пчелите.

За жал, и покрај тоа што пчелите се од голема важност за околината, нивниот број почнува да се намалува. Постојат разни фактори за ова, вклучувајќи ги човечкиот развој, пестицидите, болестите и климатските промени. Поради ова многу организации и волонтери се здружуваат за да ја подигнат свеста за важноста на пчелите и да го спасат целиот вид. Погледнете што можете да направите вие за да им помогнете на пчелите.

1. Заштитете живеалиште на пчели

8 мали нешта што можете да ги направите за да им помогнете на пчелите да преживеат

Една од заканите за пчелите е намалување на нивните живеалишта. Сите можеме да помогнеме во урбаните средини така што ќе создаваме повеќе градини, зелени делови и живеалишта за пчели со цветови. Ако мислите дека треба да направите огромна ливада, не грижете се. Овие зелени делови можат да бидат поставени на улици и тераси, додека цветовите можат да бидат посадени покрај патот.

2. Избегнувајте штетни пестициди

8 мали нешта што можете да ги направите за да им помогнете на пчелите да преживеат

Синтетичките пестициди, ѓубрива и хербициди се некои од опасностите со кои се соочуваат пчелите. Избегнувајте употреба на пестициди во вашата градина и заменете ги со органски опции. Исто така користете ги овие средства навечер, кога пчелите се најмалку активни. Можете и да искористите инсекти како бубамари и богомолки кои ќе ви помогнат во градината.

3. Направете бања за пчели

8 мали нешта што можете да ги направите за да им помогнете на пчелите да преживеат

Можете да наполнете плитка чинија или сад со чиста вода и да додадете неколку камчиња кои ќе излегуваат од водата. Ова ќе биде одлично место за пчелите каде што ќе можат да одморат додека прават пауза.

4. Направете дом за пчели

8 мали нешта што можете да ги направите за да им помогнете на пчелите да преживеат

Иако е познато дека пчелите живеат во кошница, ова важи само за медените пчели. Повеќето видови пчели се осамени суштества и 70% од нив живеат под земја, а 30% живеат во дупки во дрва. Можете онлајн да купите „хотел за пчели“, или самите да направите и да создадете простор за живеење за осамените инсекти. Иако нема да ви направат мед, овие пчели ќе го разнесат поленот на околните цветови.

5. Направете градина за пчели

8 мали нешта што можете да ги направите за да им помогнете на пчелите да преживеат

Можете да помогнете и со правење градина за пчели, каде што ќе можат да се одмараат, да работат и да собираат храна. Следете ги следниве совети:

  • Избегнувајте хибридни цветови кои можат да бидат стерилни и речиси да немаат нектар или полен.
  • Прескокнете ги двојните цветови кои немаат полен.
  • Осигурете се дека ќе има расцветени цветови во текот на целата година.
  • Садете ги цветовите по делови – пчелите сакаат да се фокусираат на еден вид цвеќиња.
  • Оставете дел земја каде што пчелите ќе можат да прават гнезда.

6. Засадете дрва

8 мали нешта што можете да ги направите за да им помогнете на пчелите да преживеат

Пчелите ги сакаат дрвата и најголем дел од нивниот нектар го собираат од нив. Дрвата не се само добар извор за храна, туку и одлично живеалиште. Иако проблемот со исчезнување на шумите е присутен, можете да го завршите вашиот дел така што ќе посадите некое дрво околу вашиот дом или во вашиот град.

7. Поддржете локален пчелар

8 мали нешта што можете да ги направите за да им помогнете на пчелите да преживеат

Еден од најдобрите начини да помогнете е фармата за пчели. Но, не секој има желба или можности за ова. Добра алтернатива е да поддржите личност која веќе одгледува пчели. Овие луѓе напорно работат за овие инсекти и нивниот труд им помага и на пчелите, и на останатите луѓе. Најдобриот начин да ги поддржите пчеларите е да ги купувате нивните продукти. Повеќето прават мед и пчелин восок, а можете да најдете и пчелари кои нудат сапуни, лосиони и свеќи. Доколку купувате локален мед, голема е веројатноста да е собран и од вашите цветови.

8. Спонзорирајте кошница за пчели

8 мали нешта што можете да ги направите за да им помогнете на пчелите да преживеат

Доколку не можете самите да направите фарма за пчели, можете да спонзорирате некоја иницијатива. Распрашајте се дали има нешто слично во вашата околина и донирајте колку што можете. Не само што ќе им помогнете на пчелите, туку ќе ја подобрите целата заедница.

Доколку навистина сакате да ја заштитите околината, најдобро е да се ослободите од овие утрински навики.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар