8 чудни државни работни места кои постојат во Кина

8 чудни државни работни места кои постојат во Кина

Ако не можете овде да си ја најдете работата од соништата, размислете за Кина. Таму има некои работни места и професии за кои сигурно не сте размислувале. Исто така има и некои за кои сте слушнале од некаде, но сепак се чудни за времето во кое живееме.

8 чудни државни работни места кои постојат во Кина

1. Судија за порно филмови

Ако имате добар вкус за порно филмови, кинеската државна администрација има работа за вас. Таму секој филм мора да биде изгледан од посебно тело пред да биде одлучено дали тој може да се прикажува или е „штетен“ по населението и неговите уверувања, и според тоа треба да се забрани. Има оддел за еротски и порно филмови на интернет, па ако најдат нешто што е непожелно, должни се да реагираат и да го пријават. Само луѓе кои се во брак можат да се вработат овде, а останатите можат само да волонтираат.

8 чудни државни работни места кои постојат во Кина

2. Играчи на видео игри

Играч на видео игра е работа која ќе ја добиете ако заглавите во кинески затвор. Тие играат игри во кои може да се собира некаков капитал, како на пример во World of Warcraft, а потоа „капиталот“ се продава на вистински гејмери за вистински пари. Затворениците се должни да играат во 12-часовни смени.

8 чудни државни работни места кои постојат во Кина

3. Платени протестaанти

Кинескиот авторитарен режим се обидува со сите сили протестите во земјата да ги прикаже како дело на злобниот запад, а една од мерките против тоа е плаќање на протестанти кои ќе протестираат во полза на политиките на владата. Доколку не сте успеале да најдете кај нас ниту ваква работа, Кина може да биде земјата од вашите сништа.

8 чудни државни работни места кои постојат во Кина

4. Интернет полиција

Со дури два милиони вработени, интернет полицајците се најбројни во тамошната државна администрација. Нивната задача е да ги следат навиките на Кинезите на интернет и да реагираат кога „постои можност за организирање на востание или бунт“. Во основа се забранува секакво критикување на режимот и барање информации кои граѓаните „не треба да ги знаат“. Постои црна листа на веб-сајтови и на клучни зборови кои не може да се пребаруваат. Ако Кинез впише „Далај Лама“ во пребарувач, нема да има резултати. Такви клучни зборови не може да се среќаваат ниту на веб-сајтови чиј сервер е во Кина.

8 чудни државни работни места кои постојат во Кина

5. Фантомски државни службеници

Ова се луѓе кои не одат на работа, но земаат плата од државниот буџет. Тие некогаш работеле за државата, но кога заминале некој „заборавил“ да ги избрише од платниот список, па така до неодамна секој месец им стигала плата на сметката. Овие луѓе секогаш се поврзани со некој на висока функција.

8 чудни државни работни места кои постојат во Кина

6. Придружба на дисидент кој оди на „одмор“

Оној кој ја критикува владата се нарекува дисидент и има обврска да оди на одмор платен од државата кога во Кина се одржува некој важен меѓународен настан. Во таков случај не им е потребен некој кој ќе ја наруши убавата слика која државното раководство ја остава, па затоа тие луѓе се ставаат во авион и се праќаат некаде добро да се одморат од зборување. Заради тоа државата има вработено полицајци кои ги придружуваат. И тие, исто како и дисидентите, не се ограничени со буџет додека „одмораат“.

8 чудни државни работни места кои постојат во Кина

7. Професионална панда

Пандата си е панда, но ако живее во зоолошка градина тогаш нема избор и мора да биде професионалец. Секоја панда во зоолошките на оваа планета е сопственост на кинеската влада и заработува пари. Зоолошките кои сакаат да имаат панда во своето животинско царство треба да ја изнајмат од Кинезите, да платат за тоа, а се должни и да ја размножуваат. Се плаќа и за размножувањето. Тоа чини 600.000 долари, а ако пандата умре додека е на заем, казната изнесува 500.000 долари.

8 чудни државни работни места кои постојат во Кинa

8. Коментатор на интернет

Ова е уште едно работно место во огромниот владин ПР тим. Тие плаќаат луѓе за да коментираат на интернет на статии во кои се зборува за владата. Без разлика на каков тон е напишан текстот, опозициски или не, тие се должни да ги возвишуваат политиките на партијата која е таму на власт. За секој коментар се паќаат по 50 центи. Секој од нив добива имејл со инструкции на кои вести треба да коментира и какви да бидат коментарите, а тие потоа послушно си ги извршуваат задачите.

8 чудни државни работни места кои постојат во Кина

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар