70% од луѓето можат да го чујат овој безвучен гиф што го запрепасти Интернетот!

70% од луѓето можат да го чујат овој безвучен гиф што го запрепасти Интернетот!

Доколку често користите Интернет, сигурно сте налетале на многу гифови досега. Ако овој поим не ви е познат, гифовите се безвучни слики што се движат. Меѓутоа, многу луѓе признаа дека можат да чујат еден безвучен гиф и Интернетот се заинтересира зошто се случува тоа.

Гифот е чуден само по себе, но уште почудно е тоа што луѓето тврдат дека можат да го чујат иако не создава никаков звук. Гифот бил направен од страна на еден корисник на Твитер со име IamHappyToast и објаснувањето за звукот на тропот што го слушаат луѓето не е толку неверојатно колку што мислите. Погледнете го гифот. Можете ли да го чуете?

70% од луѓето можат да го чујат овој безвучен гиф што го запрепасти Интернетот!

Не ви е јасно зошто се случува ова? Вистината е дека луѓето не реагираат само на овој конкретен гиф. Визуелните информации можат да влијаат на нашата перцепција за звук на многу различни начини. Нашиот мозок мисли дека слуша звук на тропот, бидејќи гледаме нешто тешко како ја удира земјата. Едно истражување открило дека 22% од испитаниците можеле да чујат слаби звуци кога гледале зрак светлина иако било потполна тишина. Сѐ се случува во нашата глава.

Конкретно за овој гиф, објаснувањето е следново: Кога визуелните материјали му создаваат преголем товар на мозокот, тој престанува да ги процесира информациите објективно и ги заменува со претходно научени искуства. Мозокот го поврзува овој гиф со слика на прескокнување јаже. Умот гледа како челичните конструкции скокаат јаже, а јажето се електричните жици. Токму затоа, можете да ги чуете „скоковите“.

Зар не е ова интересно? Поради тоа што нашиот ум го поврзува движењето и паѓањето со звук на тропот, ние навистина можеме да чуеме звук во главата. Издвојувањето на слухот од видот не е толку едноставно колку што си мислите!

За да дознаете нешто повеќе за човечките сетила, прочитајте за следниве 3 дополнителни сетила.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар