7 животни совети што генијалците им ги дале на своите деца

7 животни совети што генијалците им ги дале на своите деца

Овие брилијантни мажи и жени ја унапредиле науката, медицината и нашето разбирање за универзумот. И тие биле родители кои го посакувале само најдоброто за нивните деца, а ова се некои од животните што ги споделувале со нив.

7 животни совети кои генијалците им ги дале на своите деца

1. Стивен Хокинг за најважните нешта на светот

„Најпрво сети се да гледаш горе во ѕвездите, а не долу во своите стапала. Второ, никогаш не се откажувај од својата работа. Работата ти дава смисла и без неа животот е празен. И трето, ако имаш среќа да најдеш вистинска љубов, немој никогаш да ја отфрлаш.“

2. Алберт Ајнштајн за најдобриот начин на учење

„На клавирот свири музика што те прави среќен, иако не ти ја дал учителот. На тој начин најмногу ќе научиш, ќе правиш нешто со таков ентузијазам, што нема ни да почувствуваш како минува времето.“

3. Марија Кири за моќта на самодисциплината

„Ничиј живот не е лесен. И сега што? Мораме да бидеме упорни, а најмногу од сè дисциплинирани. Мораме да веруваме дека сме талентирани за нешто и дека во тоа што сме добри ќе бидеме и успешни.“

4. Бил Нај за најважното нешто што мораме да го запомниме во врска со други луѓе

„Сите луѓе што некогаш ќе ги запознаеш знаат нешто што ти не го знаеш. Автомеханичарите денес знаат да програмираат за да ја поправат електрониката во автомобилот. Готвачите го разбираат својството на бакарот за контролирање на протеините. Градежниците одлично ја знаат силата на разните материјали. Почитувај го нивното знаење. Учи од нив. Тоа ќе го извлече најдоброто од нив и од тебе.“

5. Нил Деграс Тајсон за совладување на препреките

„Имам колеги со дислексија. Тоа е препрека, но што прават олимписките натпреварувачи кога ќе наидат на препрека? Ја прескокнуваат.“

6. Едвард Озборн Вилсон за потрагата по знаење

„Држи ги очите отворени и сврти се околу себе. Потрагата по знаењето е во нашите гени. Таму ја ставиле нашите дамнешни предци кои ја рашириле низ светот и таа желба за знаење нема никогаш да биде потисната.“

7. Бен Френклин за однесувањето кон ближните

„Што повеќе и подобро се грижиш за својата мајка, толку поголем човек ќе бидеш во моите очи.“

Прочитајте ги и овие животни совети од постарите што би требало добро да ги запомните.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. 3 Reply

    Каква Мери Кјури? Марија Кири ѝ е името!

Остави коментар