7 жени кои им помогнале на нивните сопрузи да станат познати

7 жени кои им помогнале на нивните сопрузи да станат познати

Којзнае каква судбина би ги снашла овие мажи доколку покрај нив не биле нивните мудри, трпеливи и грижливи сопруги. Талентираните уметници често имаат тежок карактер и посебен начин на живот, но овие жени останале покрај нив и им помогнале да станат личностите коишто ги знаеме денес.

1. Гала

7 жени кои им помогнале на нивните сопрузи да станат познати

Денес познатата Гала некогаш се викала Елена Дијаконова. Многумина сметаат дека таа била првата којашто ја забележала генијалноста на шпанскиот уметник Салвадор Дали. Кога прв пат се запознале Дали, тој страдал од анксиозност, а тоа што не добивал признание за неговите дела само му ја влошувала депресијата. Гала станала неговата прва сопруга, муза, модел и личен асистент. Се грижела за неговата кариера, му организирала изложби и му наоѓала нови клиенти. Со неа покрај него, Дали постепено се излечил и му се вратила желбата за живот. Оттогаш секое дело што го направил го потпишувал со „Гала – Салвадор Дали“. И самиот често изјавувал дека станал неверојатен уметник благодарение на неа.

2. Мерседес Барча Пардо

7 жени кои им помогнале на нивните сопрузи да станат познати

Габриел Гарсија Маркез ја сретнал неговата идна сопруга кога таа имала само 13 години. И покрај нејзината возраст, веднаш ја запросил. Таа прифатила, но прво сакала да заврши училиште, па се венчале 13 години подоцна. Кога работел на неговото најпознато дело „Сто години самотија“, нивното семејство немало пари. Но Мерседес го хранела семејството, го поддржувала сопругот и го охрабрила да продолжи со пишување. По 18 месеци, откако ја завршил книгата, Маркез немал пари за да испрати копија за уредникот. Неговата сопруга истапила и го продала нејзиниот фен за коса и сечилото за храна, а благодарение на тоа Маркез добил светско признание, па дури и Нобелова награда.

3. Јоко Оно

7 жени кои им помогнале на нивните сопрузи да станат познати

Фановите на Битлси често ја обвинуваат Јоко за распадот на групата, но проблемите во соработката започнале долго пред Џон Ленон да ја запознае својата сопруга. Јоко му го покажала на Џон неверојатниот свет на креативноста со авангардни слики, книжевност и екстравагантни перформанси. Благодарение на неа, Џон го издал неговиот соло албум, а песната „Imagine“ стана вистинска химна. Самиот Џон еднаш изјавил дека е среќен само со неа и дека тој и Јоко имаат една душа со две тела.

4. Џулиета Масина

7 жени кои им помогнале на нивните сопрузи да станат познати

Бракот на Федерико Фелини и Џулиета Масина траел 50 години и 1 ден. Познатиот режисер и неверојатната актерка биле сосема различни – тој сакал да лудува и ги сакал жените, а таа била нешто сосема спротивно – верна на нејзиниот сопруг. Сепак, не можеле да поднесат да бидат разделени. Кога Џулиета не била на филмскиот сет, Федерико често ѝ се јавувал за совет во врска со секакви детали. Таа му ги средувала сценаријата и одржувала аудиции. Дури решила да ја жртвува нејзината кариера за да му се посвети на сопругот.

5. Софија Толстој

7 жени кои им помогнале на нивните сопрузи да станат познати

Најпознатиот руски автор, Лав Толстој, поминал речиси половина век со неговата муза и сопруга Софија. Таа била негов личен асистент, менаџер, негувателка и издавач. Ја препишувала познатата „Војна и мир“ за да имаат повеќе копии и го средувала ракописот 7 пати од почеток до крај. Кога Толстој умрел во 1910-та година, таа станала чувар на неговото наследство.

6. Уна О’Нил

7 жени кои им помогнале на нивните сопрузи да станат познати

Уна го запознала Чарли Чаплин кога имала само 17 години. Тогаш тој веќе бил познат комичар и имал 57 години. Уна и нејзиниот татко престанале да контактираат бидејќи тој се противел поради големата возрасна разлика. Уна и Чаплин биле во брак 34 години и имале 8 деца. Останале заедно сè до неговата смрт. Уна била единствената муза во животот на актерот која навистина можела да го усреќи.

7. Клементина Черчил

7 жени кои им помогнале на нивните сопрузи да станат познати

Британскиот премиер Винстон Черчил покрај неговата сакана Клементина станал нежно и наивно момче. Таа била неговиот најдобар пријател и сојузник. Клементина била силна жена која одбивала да живее во сенката на нејзиниот голем сопруг. Парот ја нашол својата љубовна формула и комуницирале преку писма и честитки во кои си давале слатки прекари. Изгледа дека Клементина ја знаела тајната за одржување на романсата во бракот, дури и по 57 поминати години заедно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар