7 забавни начини на кои можете да одбиете секс кога не сте расположени за тоа

Вие не треба да имате секс со вашето момче секој пат кога тој ќе покрене иницијатива. Доколку не сте во секси расположение, не го правете тоа само со цел да го задоволите него. Сексот треба да биде активност во која уживаат и двете страни, па доколку не сакате да спиете со него, кажете му. Но, доколку се срамите да ја кажете вистината, погледнете ги следниве неколку интересни начини на кои можете да го направите тоа…

1. Не сум расположена да бидам разочарана од тебе

(1) 7 забавни начини на кои можете да одбиете секс кога не сте расположени за тоа

Да бидеме реални, освен ако не сте во долга врска и не сте го научиле точно како вашето тело работи, тогаш големи се шансите дека сè уште не знае како целосно да ве задоволи во кревет. Доколку се впуштите во однос, кога воопшто не сте расположени за тоа, тогаш само тој ќе биде победникот.

2. Јас сум тврдина од мидер која не може да биде пробиена

(2) 7 забавни начини на кои можете да одбиете секс кога не сте расположени за тоа

Мажите не сфаќаат колку труд е потребен за да изгледате беспрекорно. Со цел да имате секс, вие треба да ги соблечете сите слоеви облека, вклучувајќи го и мидерот за кој ви било потребно многу време да го облечете. Едноставно понекогаш не вреди да се вложува толку труд за секс кој знаете дека нема да биде доволно добар бидејќи не сте во тоа расположение.

3. Добрите нешта им се случуваат на оние кои чекаат

(3) 7 забавни начини на кои можете да одбиете секс кога не сте расположени за тоа

Сигурно веќе сте ја чуле оваа фраза и знаете дека во неа има голема вистина. Трпението е доблест. Токму затоа и треба да го потсетите дека колку подолго чека да имате секс, толку повеќе ќе ужива кога тој конечно ќе се случи.

4. Би сакала, но потоа никогаш повеќе нема да можеш да уживаш во секс со друга девојка

(4) 7 забавни начини на кои можете да одбиете секс кога не сте расположени за тоа

Со оваа изјава можете да го одбиете она момче кое само што сте го запознале во бар и кое бара од вас да одите со него дома. На крајот на краиштата, вие сте секси девојка која е одлична во кревет, па ако спиете со него, тој веќе никогаш нема да го доживее истото задоволство како со вас. На некој начин дури и му правите услуга со тоа што го одбивате.

5. Не смееш да го допреш ова

(5) 7 забавни начини на кои можете да одбиете секс кога не сте расположени за тоа

Кога ништо друго не успева, можете да го искористите преводот од хит песната „You can’t touch this“. Доколку тој сè уште се обидува, едноставно продолжете да ја пеете целата песна. Тоа ќе биде доволно да го олади и да ве остави на раат.

6. Се обидувам да добијам златен медал во апстиненција

(6) 7 забавни начини на кои можете да одбиете секс кога не сте расположени за тоа

Премногу жени се срамат да бидат девици. Но, не постои ништо срамно за тоа. Токму затоа и треба да ја искористите оваа изјава ако сè уште не сте имале секс. Дури и доколку сте сексуално активни е забавна за користење, но тој сепак ќе знае дека се шегувате со него.

7. Ако се допирам себеси ќе уживам многу повеќе

(7) 7 забавни начини на кои можете да одбиете секс кога не сте расположени за тоа

Ова можеби звучи сурово, но е вистина. Повеќето мажи немаат идеја што прават под чаршафите. Но, вие точно го знаете вашето тело и знаете што ви се допаѓа, а што не. Би било многу поедноставно доколку мастурбирате самите отколку да го гледате како неуспешно се обидува да ве задоволи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар