7 раси кучиња чија убавина секогаш предизвикува воодушевување

7 раси кучиња чија убавина секогаш предизвикува воодушевување

Секое куче е убаво на свој начин, без разлика дали е мешана раса или чистокрвно, но некои раси се познати по својата прекрасна убавина и елеганција. Во продолжение прочитајте кои раси кучиња ја носат титулата крал на елеганцијата.

Авганистански `рт

7 раси кучиња чија убавина секогаш предизвикува воодушевување

Олицетворение на елеганцијата во кучешкиот свет, авганистансиот `рт се смета за најелегантна раса. Неговото високо, витко тело, долгите нозе, зашилената муцка и долгото крзно што наликува на коса, го прави ова куче крал на елеганцијата. Овие кучиња се движат како да се на модна писта, елегантно, како да лебдат додека одат.

Далматинец

7 раси кучиња чија убавина секогаш предизвикува воодушевување

Добродушни, лојални и паметни, далматинците се најпознати по своето бело крзно покриено со темни дамки, но тие се раѓаат целосно бели. По две недели, тие почнуваат да добиваат карактеристичен изглед со кој се разликуваат од која било друга раса во светот.

Доберман

7 раси кучиња чија убавина секогаш предизвикува воодушевување

Многумина се плашат од нивниот остар изглед, но доберманите се многу лојални и претпазливи кучиња кои сакаат да ја чувствуваат физичката близина на членовите на своето семејство. Нив ги краси мускулесто тело и сјајно кратко крзно и се многу интелигентна, почитувана и популарна раса.

Ирски сетер

7 раси кучиња чија убавина секогаш предизвикува воодушевување

Познати по своето убаво темноцрвено крзно, ирските сетери се нарекуваат и Дизни принцези во кучешкиот свет. Како и другите сетери, овие елегантни убавици се прекрасни домашни миленичиња, многу се лојални и полни со љубов. Тие се полни со енергија и им треба физичка активност, но и ментални хобија за да бидат среќни и задоволни.

Дога

7 раси кучиња чија убавина секогаш предизвикува воодушевување

Кучињата што припаѓаат на оваа раса може да пораснат до 75 сантиметри и да тежат околу 70 килограми. Многу луѓе чувствуваат страв во близина на овие џиновски кучиња, но станува збор за кучиња што се приврзани и нежни по природа, погодни за деца и полни со љубов.

Родезиски риџбек

7 раси кучиња чија убавина секогаш предизвикува воодушевување

Првично одгледувани како бестрашни ловци на лавови, овие кучиња се многу интелигентни и ги заштитуваат своите сопственици ако се во опасност. Во Африка, оваа раса се одгледувала и за да ги чува и да ги заштитува децата додека родителите не се тука.

Фараонско куче

7 раси кучиња чија убавина секогаш предизвикува воодушевување

Фараонското куче е познато по своето елегантно, исправено држење на телото, што дополнително ја нагласува убавината на неговото црвено крзно.

Прочитајте кои 10 раси кучиња изгледаат како меки топчиња дури и кога ќе пораснат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар